Горно Коњари

село во Општина Петровец

Горно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Горно Коњари

Панорама на Горно Коњари

Горно Коњари во рамките на Македонија
Горно Коњари
Местоположба на Горно Коњари во Македонија
Горно Коњари на карта

Карта

Координати 41°58′32″N 21°43′18″E / 41.97556° СГШ; 21.72167° ИГД / 41.97556; 21.72167
Регион Скопска Блатија
Општина Петровец
Население 244 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25053
Надм. вис. 340 м
Горно Коњари на општинската карта

Атарот на Горно Коњари во рамките на општината
Горно Коњари на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Горно Коњари
 
Штркови во Горно Коњари

Селото Горно Коњари се наоѓа во североисточниот дел на областа Блатија, во околината на градот Скопје, на околу 30 километри на исток. Оградено е од реката Пчиња и месноста викана Корија на запад, месноста поле на север, ниски ридови на исток и значително повисоки ридови на југ кои се паралелни со локалниот пат кој го поврзува селото со селото Средно Коњари и Скопје.

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948515—    
1953492−4.5%
1961470−4.5%
1971361−23.2%
1981237−34.3%
ГодинаНас.±%
1991227−4.2%
1994208−8.4%
2002237+13.9%
2021244+3.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ѓурелери Бала и имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 39 христијански и 68 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 155 мажи христијани[2], со 16 новороденчиња и 173 мажи муслимани[3] со 24 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 736 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 319 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Коњари живееле 130 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Коњари имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Горно Коњари е средно по големина село, коешто броело 470 жители во 1961 година, а во 1994 година 208 жители, македонско население.

Поради неговата транзитна положба селото претрпело неколку незначителни миграции. Доселено е население од околното Винце, а позначителна е преселбата на неколку семејства од кривопаланечките села. Засега младите не се отселуваат од селото и покажуваат тенденција на останување.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 237 жители, од кои 236 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 244 жители, од кои 229 Македонци, 3 Срби, 1 останат и 11 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 224 515 492 470 361 237 227 208 237 244
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Горно Коњари e македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во Горно Коњари се:

  • Доселеници со познато потекло: Пановци (2 к.) доселени се од селото Дивле. Основачот на родот дошол како домазет во родот Дедо-Наумовци. Во Дивле биле староседелци; Дедо-Јовчевци (13 к.) доселени се од некое село во Кривопаланечко. Најпрво се населиле во селото Миладиновци, па потоа во Горно Коњари; Пешевци (3 к.) доселени се од селото Табановце, Кумановско; Долноселци (10 к.) доселени се од селото Долно Коњари; Атанасковци (6 к.) доселени се од некое село во Кумановско; Чавкаровци (1 к.) гранка се од родот Долноселци.
  • Доселеници со непознато потекло: Паша Милинци (9 к.), Дедо-Наумовци (7 к.), Филиповци (4 к.), Велковци (1 к.), Завировци (2 к.), Стојчевци (5 к.), Соколовци (3 к.), Тренчевци (2 к.) и Дедо-Илијинци (1 к.) родовите Дедо-Наумовци и Филиповци потекнуваат од ист предок, во родот Дедо Наумовци се знае следното родословие: Стојан (жив на 55 г. во 1953 година) Ѓорге-Наум-Ѓоргија.[14]

Општествени установи уреди

Селаните се организирани во Месна Заедница. Во МЗ членуваат неколкумина од поистакнатите жители. Оваа институција има за улога да одлучува за работите кои го засегаат месното население. Постојат и наменски совети кои се составуваат со цел да се запазат христијанските обичаи и да се прослават пригодно верските празници.

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Илија“

Горно Коњари е познато по верските објекти кои се простираат по неговата околина.На највисокиот и воедно најмасивниот рид се сместени три цркви. Првата најголемата е посветена на Мајката Исусова Богородица. Оваа црква датира уште од 1930-тите кога е изградена првичната црква. Во 1998 година старата црква беше урната и новата црква беше изградена до 2000 година (осветувањето беше изведено истата година од страна на Митрополитот Полошко-Кумановски г.Кирил). 28 август е чествувањето на овој празник,кој е истовремено и селска слава. На истиот рид се сместени уште две цркви: св.Ѓорѓи и св.Петка кои датираат уште од поодамна. Под падините на овој рид, близу до селското кошаркарско игралиште е останат камен крст за кој старите жители велат дека е единственото преживеано нечто од уште една стара црква. На падините на месноста викана Корија постои уште една мала црква посветена на светецот Илија каде населението го чествува празникот Илинден.

Редовни настани уреди

6 јануари-Палење на коледарските огнови на сретсело 7 јануари-Божик 20 јануари - Прослава по повод Богојавление Водици 6 мај-Ѓурѓовден НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН : 28 август, прослава на празникот Мала Богородица

Личности уреди

Личности родени во Горно Коњари:

Култура и спорт уреди

Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Градиште — населба од раноантичкото и римското време. Според последните истражувања, антички пајонско-македонски град;[17]
  • Миљковци — црква и некропола од ранохристијснко време;[18]
  • Орници — неопределено наоѓалиште од непознат период;[18]
  • Бајрамица — некропола од средниот век;[18]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован. Сеоска насеља скопске котлине. Скопје: 1964.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  17. Зоран Георгиев, Три предримски населби крај Пчиња, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, бр. 17-18, Скопје 1990-1991, 97-99, план III, движни наоди сл. 7
  18. 18,0 18,1 18,2 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.

Надворешни врски уреди