Горнопреспански дијалект

Горнопреспански дијалект или ресенски дијалектдијалект од подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Се говори на територијата на градот Ресен со околината. Горнопреспанскиот дијалект е близок дијалект со долнопреспанскиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со соседните дијалекти.

Горнопреспанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Територија уреди

Горнопреспанскиот дијалект го сочинуваат градскиот говор од Ресен со говорите од околните села: Јанковец, Болно, Петрино, Избишта, Илино, Горно Крушје, Лева Река, Кривени, Златари, Сопотско, потоа селата во Преспанско Поле и во крајбрежјето: Претор, Асамати, Курбиново, Рајца, Грнчари, Подмочани, Долно Перово, Езерани, Дрмени, Царев Двор, Горно Дупени, Евла, Лавци, Покрвеник, Шурленци, и селата на северозападниот брег на езерото: Отешево, Лесковец, Стење и Коњско.[1]

Фонолошки одлики уреди

  • Особено е карактеристичен развојот на групата ое со што тие се одделуваат и од охридскиот и од струшкиот говор, иако се во иста дијалектна зона. Асимилацијата  во оваа група се врши во корист на е: ае со контракција на која претходи асимилација се добива долго е: човек – чоек – чēк. Се случува, иако ретко, оваа форма да се изговара со обично е. Не секогаш ое преминало во долго е, има примери кога група се реализира како дифтонг ОḬ - повели – поели - поḬли – појли.
  • Асимилационо едначење спрема втората компонента има и во ае > ē: знаемезнēме, знает – знēт.
  • Замена на групата цвь- со цу-: цут, цутит, рацути, расцути...
  • Промена на ѣ во е во сите положби и зад согласката ц: цевка // цефка, цеп, цепец, цепи, цепéјнца...
  • Кратката акузативна форма за множина ги се употребува како и: и видоф ними...
  • Секундарниот ъ во извесен дел од Преспа се јавува како о, дури и во групата tъm: осом, седом.
  • Групите *tj, *dj, *stj, *skj, *zdj, *zgj преминале во шт и жд, за разлика од Охрид и од струшкиот говор: враштат, обиждат.
  • Редовно губење на меѓусамогласното в: чоек, глаа, ЈанковецЈанкоец...
  • Јасен изговор на неакцентираните согласки.
  • Согласката х се заменува со в во неколку положби, како апсолутниот крај на зборот: страх-страв, прах-прав, во положба пред согласка: бахча-бавча, бехме-бевме, а во положба на почетокот на зборот може и да се изгуби: хамал-амал.
  • Носовката ѫ во коренската морфема добива резултат ă: мăгла, мăска, скăпо...

Морфолошки одлики уреди

  • Личните и роднинските имиња од машки род во дативни конструкции имаат наставка у: Му реков Стојану, а за женски род има е: Је реков Цвете.
  • Кратките заменски форми за акузатив ме, те, се > ма, та, са. Ова е карактеристично и за соседните струшки говори.
  • Множинските дативни форми нам ни, вам ви се јавуваат во акузативни конструкции: нам ни виде.
  • Заменската форма сăто, наместо сето.
  • За второ лице еднина императив се јавува наставката - ејте: речејте, пулејте.
  • Во ресенскиот говор имперфективно-итеративните форми имаат наставка (а-група): кажват. Со овие форми преспанскиот говор се поврзува со леринските говори, но и со охридско-струшките говори во кои овие форми се од и-група: кажвит.
  • Наставката за множина во машки род -ови се употребува како -ој : дворој, патој, зборој...
  • Преглас на а во е е почест за разлика од другите западни говори: чеша < чаша.
  • Во трето лице еднина презнет се чува наставката - т: одит, гледат, носит...        
  • Резултатот о е рефлекс и за самогласното л: вок, соза.
  • Има две форми за трето лице еднина од помошниот глагол сум: -ет и -ести, формата -ет освен во централните говори ја има и во некои охридско-преспански села, а -ести е карактеристична за костурскиот говор, но ја има и во некои дебарски села.
  • Употреба на трите членови: от, та, то, те, ов, ва, во, ве, он, на, но, не.
  • Неудвојување на предлогот со: алиштата и переа со варен граф.

Наводи уреди

  1. Дијалектите на македонскиот јазик, том 1, Божидар Видоески, 1998, Скопје