Горничево

село во Леринско, Егејска Македонија

Горничево (грчки: Κέλλη, Кели, книжевно: Κέλλα, Кела; до 1926 г. Γκορνίτσοβο, Горницово[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 66 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Горничево
Κέλλη
Кафетерија во Горничево на чие место била куќата на војводата Тане Стојчев
Кафетерија во Горничево на чие место била куќата на војводата Тане Стојчев
Горничево is located in Грција
Горничево
Горничево
Местоположба во областа
Горничево во рамките на Суровичево (општина)
Горничево
Местоположба на Горничево во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°47.12′N 21°41.20′E / 40.78533° СГШ; 21.68667° ИГД / 40.78533; 21.68667Координати: 40°47.12′N 21°41.20′E / 40.78533° СГШ; 21.68667° ИГД / 40.78533; 21.68667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000980000000980 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно683
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е разположено на 27 км источно од Лерин и 8 км северно од Суровичево. Лежи во превој на планината Мала Ниџе, која ги образува јужните падини на Кајмакчалан.[3]

Историја уреди

 
Артилерија во Горничево за време на Првата светска војна (21 октомври 1916 г.)

Стар и среден век уреди

Одлучна улога во историјата на селото одиграла неговата местоположба во превојот кој обезбедува пристап до Леринското Поле и цела Пелагонија, како и кон Воден и Солун. Овој премин во средниот век бил бранет од голема средновековна крепост, чиишто рушевини се гледаат и денес. Стручњаците сметаат дека тука претходно се наоѓал древномакедонскиот град Кела, кој според античките автори е бил крајпатна станица по патот Вија Егнација. Засега местото на овој стар град не е утврдено со сигурност, но познато е дека имал поглед кон Петерското и Островското Езеро, што значи дека е мошне веројатно да се работи за Горничево.

Во Отоманското Царство уреди

Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1468 г. како Горничево со 20 домаќинства. Во 1481 г. бројот на домаќинствата се зголемил на 33.[4]

Околу 1840 г. имотите на селото се насилно приграбени од албанскиот феудалец Илјаз-паша и тоа е претворено во чифлигарско. Подоцна жителите успеале да си го откупат селото.[5]

На крајот на XIX век Горничево е заведено како наполно македонско село. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во XIX век.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горничево (Gornitchévo) било село со 160 домаќинства од 522 жители Македонци и 50 жители Роми.[7][8]

Во септември 1879 г. селото е нападнато од гркоманскиот андартски капетан Атанас Катарахија.[9]

Хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал во 1889 г. дека Горничево имало 131 македонски семејства (635 жители) и 15 ромски муслимански куќи.[10][11] На почетокот на XX век селото веќе немало ромско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горничево имало 960 жители Македонци.[7][12]

По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[13] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.344 Македонци, сите под егзархијата.[7][14]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горничево се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 185 куќи.[15]

Жителите на Горничево зеле активно учество во борбата на ВМРО против турската власт и грчката вооружена пропаганда (андартите). На 20 јули 1906 г. селото е нападнато од многубројна андартска чета, но селската милиција успеала да ги одврати, убивајќи 17 андарти. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Горничево се состоело од 160 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.103 жители.[3] За кратко време во Првата светска војна Горничево паднало под окупација на бугарската армија, за да ѝ биде вратено на Грција по сила на Нејскиот мировен договор. Во 1920 г. населението се смалило на 983 жители, веројатно поради војните.[3] Во 1926 г. властите го преименувале селото во Кела, нарекувајќи го по стариот македонски град на ова место согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[16] На пописот од 1928 г. во селото живееле 1.095 лица. Во 1931 г. жандармеријата составила список на антигрчките дејци во селото. Во периодот меѓу двете светски војни е забележано иселување во прекуокеанските земји и во Бугарија.[3]

Селото значително настрадало во Граѓанската војна, поради што 226 лица се иселиле во Р. Македонија, 10 семејства во България и 30 лица во источноевропските земји. Во 1960-те селото го зафатило бран на иселувања во прекуокеанските земји, поради што населението дополнително се намалило.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е. македонско) и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[17]

Селска слава е Голема Богородица, на 15 август.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.577 1.336 1.680 1.069 877 980 805 683
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото одгледува претежно жито и компири. Сточарството е многу развиено поради пространите пасишта околу него.[3]

Личности уреди

 
Војводата Тане Стојчев.
 
Петар Ширилов
Родени во Горничево
Починати во Горничево

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκορνίτσοβον - Κέλλα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 147.
  4. Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 263. ISBN 2283604524.
  5. Дебърски глас, година 2, брой 32, 22 февруари 1911, стр. 2.
  6. „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 577. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  9. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 360.
  10. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  11. Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.
  12. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 249. ISBN 954430424X.
  13. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 125.
  14. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  15. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  16. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  18. Танчев, Иван (2001). „Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912)“. Македонски преглед. XXIV (3): 56.
  19. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 51, 136.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 63.