Горан Сугарески (роден на 3 август 1973 година во Прилеп) — македонски политичар.

Горан Сугарески
Министер за транспорт и врски
На должноста
1 јуни 2017 – 31 август 2020
Премиер Зоран Заев
Претходник Владо Мисајловски
Наследник Благој Бочварски
Лични податоци
Роден(а) 3 август 1973(1973-08-03)(50 г.)
Прилеп
Националност Македонец
Партија СДСМ

Животопис уреди

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собрание на Република Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година[1].

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Горан Сугарески - министер за транспорт и врски“. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2017-06-08.
Политички функции
Претходник
Владо Мисајловски
Министер за транспорт и врски
1 јуни 2017 - 31 август 2020
Наследник
Благој Бочварски