Голо Село (грчки: Ακρολίμνη, Акролимни; до 1926 г. Γκόλο Σέλο, Голо Село[2], до 1966 г. Γυμνά, Гимна[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.388 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со само со Македонци, кои денес се мнозиство од населението.[4]

Голо Село
Ακρολίμνη
Голо Село is located in Грција
Голо Село
Голо Село
Местоположба во областа
Голо Село во рамките на Постол (општина)
Голо Село
Местоположба на Голо Село во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°40.49′N 22°15.52′E / 40.67483° СГШ; 22.25867° ИГД / 40.67483; 22.25867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПласничево
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.100
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа во источниот дел на Солунското Поле, 3 км западно од Пласничево, југозападно од Пазар (Ениџе Вардар).[4]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

На крајот на XIX век Голо Село е забележано како село во Ениџевардарскатаказа. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 380 Македонци и 25 Роми.[5][6] Во Голо Село работела грчката пропаганда. Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Голото Село (Goloto-Selo) имало 400 Македонци под патријаршијата.[5][7]

Селото многукратно настрадало од андартски напади. На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа во Ениџевардарско:

1905 г. — Во ова време тука дојде Петрилос Буковалас и се поставив на неговите заповеди. Земав десет од мажите и отидов во Голо Село, каде задржав тројца од најфанатичните Македонци од првенците — Дионис Чекрели, Васил и Петар Арсенли. Како одговор на това Македонците за казна го убија единствениот Грк, Леонид, кој беше пазван [ноќен чувар].

На 12.02.1906 г. го заведов предводникот на целата група во Голо Село, за да го задржам тој што ни причини толкави штети — Дионисиј Чекрели, кога го нападнавме селото. Македонците дадоа голем отпор, и затоа успеавме да го раниме само Дионисиј и да му ја изгориме куќата. Ги задржавме и другите двајца и всеавме паника не само во Голо Село, туку и во околината. За да го запра това, двајцата војводи Лука и Апостол следниот ден разбраа за нашите дејства, организираа 110 мажи и го нападнаа нашето село Ниси, при што успејаа да изгорат 27 куќи.

На 10.09.1906 г. со десет вооружени мажи го нападнав Голо Село со цел да ги задржам само Христо Камчев и Трпче Орфано, за да дознаам од нив за силите на комитите. Но тие не насетија и дадоа отпор во селото. Како последица на тоа имаше шестмина убиени и двајца ранети Македонци.

На 09.08.1907 г. со 12 мажи го нападнав Голо Село. Како последица од тоа убивме двајца, заробивме шестмина, од кои успеавме да задржиме само двајца.[8][9]

Во овој период во селото работела и бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. во Голото Село работело бугарско училиште.[10]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 343 жители, кои во 1920 г. спаднале на 270.[4] Во 1913 г. грчкиот функционер Панајотис Деказос, одговорен за земјоделството при Македонското управништво го споменал Голо Село како село населено со „словенојазични елини“,[11] што секако е тенденциозна лага. Учителот Н. Антонов е ставен на распрашување од грчки војници[12].

Во 1924 г. властите присилно иселиле 53 лица во Бугарија,[4] а на нивно место доселиле 143 грчки колонисти од Кавказ. Во 1926 г. името на селото е сменето во Гимна, што е превод на македонското име (букв. „Голо“). Во 1928 г. Голо Село имало 425 жители,[4] од кои 105 лица (31 семејство) биле грчки дојденци.[13]

Во 1940 г. селото имало 738 лица кои, како и во сите околни села, продолжиле да растат во текот на следните десетлетија поради плодноста на почвата добиена од пресушувањето на блатното Ениџевардарско Езеро.[4]

Во 1966 г. селото е повторно преименувано, овојпат во Акролимни.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 738 884 1.003 1.089 1.139 1.192 1.340 1.100
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото има мошне плодна почва, потпомогната од каналската мрежа преку која се врши наводување на целото земјиште ослободено со мелиорација на блатото. Главни производи се овошјето (од големите насади со праски и јаболка), памукот и житото. Се одгледуваат и млечни крави.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκόλο Σέλο -- Γυμνά
  3. Για μια Κρύα Βρύση όπως όλοι ονειρευόμαστε
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 66.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 146.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 102-103.
  8. Нарекувајќи ги „Бугари“ согласно грчката политика на негирање на македонскиот идентитет.
  9. Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 89–91.
  10. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
  11. Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913.
  12. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 176
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.