Голозинци

село во Општина Чашка

Голозинци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Голозинци
Голозинци во рамките на Македонија
Голозинци
Местоположба на Голозинци во Македонија
Голозинци на карта

Карта

Координати 41°38′33″N 21°37′43″E / 41.64250° СГШ; 21.62861° ИГД / 41.64250; 21.62861
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29015
Голозинци на општинската карта

Атарот на Голозинци во рамките на општината

Географија и местоположба уреди

Историја уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948232—    
1953223−3.9%
1961230+3.1%
1971186−19.1%
1981134−28.0%
ГодинаНас.±%
199162−53.7%
199445−27.4%
200243−4.4%
202130−30.2%

Во 2002 година во селото живееле 43 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 128 232 223 230 186 134 62 45 43 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови уреди

Голозинци е македонско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

  • Староседелци: Козаровци (2 к.), Пачариовци (2 к.), Натовци (2 к.), Ѓоревци (2 к.), Опаловци (2 к.), Бошковци (1 к.), Анчевци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Ангелевци (1 к.)
  • Доселеници: Агушовци (2 к.), Анчевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Ладевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Стојковци (1 к.) и Стојанчевци (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Бистрица; Грнчаровци (1 к.) доселени се од селото Богомила; Капиновци (1 к.) доселени се од селото Капиново; Кочиштани (2 к.) доселени се од селото Кочиште во Железник (демирхисарско); Тодоровци (1 к.) потекнуваат од предок кој дошол како службеник после Првата светска војна од Књажевац во Србија. Тука се оженил и останал во селото.[7]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2232 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[10]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

До 1966 година од селото целосно се иселиле староседелските родови, Куралевци, Скакаровци и Стојанчевци. Жителите од наведените родови се наоѓаат во Велес. Таму се наоѓа и најголемиот број од иселеното население од Голозинци.[7]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски уреди