Голема писка (латински: tibia) е коска која наоѓа под коленото. Заедно со малата писка (латински: fibula) се зглобуваат и се поврзуваат со бутната коска во горниот дел, а во долниот се поврзуваат со коските на стапалото.

Голема писка
Позиција на тибијата (црвен дел)
Тибија и фибула прикажани од напред. На L и M однесува на анатомски поглед на локација странични делови (кон десно или лево) и медијална (кон средината)
Податоци
Назнаки
ЛатинскиTibia
MeSHA02.835.232.043.650.883
TAA02.5.06.001
FMAFMA:24476

Делови уреди

Големата писка е составена од тело и два краја.

  • Горниот крај е составен од два кондила — медијален и латерален. На нивните горни страни се наоѓа по една зглобна површина за зглобување со бутната коска, а на долнaта страна од латералниот кондил се гледа мала зглобна површина за зглобување со горниот крај од малата писка.
  • Долниот крај од тибијата наликува на пресечена четиристрана пирамида и преку зглобна површина се зглобува со талусот од стапалото. На медијалната страна долниот крај поседува коскен израсток означен како внатрешен глужд (латински: malleolus medialis). На надворешната страна се наоѓа коскен засек за зглобување со долниот крај од фибулата.

Зглобови уреди

Надворешниот зглоб од тибијата се спојува со главата од фибулата во полуподвижeн тибиофибуларен зглоб.

Мускули уреди

Најповршински е предниот коленичен мускул (латински: tibialis anterior) кој поаѓа од горниот крај на тибијата, а завршува во коренот на стапалото. По функција е дорзален флексор и супинатор на стапалото.

Галерија уреди