Голема бела ајкула

Голема бела ајкула
Период: Миоцен до денес
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Chondrichthyes
Поткласа: Elasmobranchii
Ред: Lamniformes
Семејство: Lamnidae
Род: Carcharodon
A. Smith, 1838
Вид: C. carcharias
Научен назив
Carcharodon carcharias
(Linnaeus, 1758)
Global range highlighted in blue

Голема бела ајкула (лат. Carcharodon carcharias) — единствен вид од родот Carcharodon од фамилијата Lamnidae. Carcharodon carcharias или бела ајкула, може да се најде во сите поголеми океани. Големата бела ајкула е позната по нејзината големина, може да достигне до 6 метри големина и 2,268 кг тежина. Белата ајкула најверојатно е најголемиот сегашен рибен грабливец и една од примарните грабливци од видот marine mammals. Единствен преживеан тип од родот Carcharodon. Најдобро продаваната новела и подоцна бестселерот од Steven Spielberg ја опижува белата ајкула како “див човекојадец”. Во реалноста, луѓето не се посакуван плен на големата бела ајкула.

Потекло на поимот уреди

Carolus Linnaeus во 1758 на белата ајкула и го даде првото научно име- Squalus carcharias, а во 1833 Andrew Smith и го даде името Carcharodon. Во 1873 името беше финализирано како Carcharodon carcharias. Зборот потекнува од грчките зборови karcharos што значи остар или шилест, и odous што значи заб.

Потекло и фосилни белешки уреди

Голема бела ајкула настанала во текот на средината на Миоценска епоха. Најрано познати фосили се стари 16 милиони години. Како и да е, филогените на белата ајкула се уште во полемика. Основни хипотези за потеклото на белата ајкула се дека таа дели предок со предисториска ајкула, Megalon. Сличности меѓу физичките остатоци и екстремната големина на белата ајкула и Megalon водеше многу научници да веруваат во поврзаноста на овие ајкули. Како и да е, нови хипотези сметаат дека Megalon и белата ајкула се далечно поврзани (иако ја делат фамилијата Lamnidae), и дека големата бела е повеќе поврзана со старата сина ајкула отколку со Megalon.

Поделба и распространетост уреди

Големата бела ајкула живее во скоро сите крајбрежни води жија температура е помеѓу 12 и 24 степени, со голема концентрација на бреговите на Австралија, Јужна Африка, Калифорниа, североисточен САД, Мексиканскиот остров Гвадалупе и Нов Зеланд. Тоа е риба која живее на отворено море, забележана најмногу во внатрешни притоки во присуство на фоки, морски лавови, други ајкули и други видови на коскени риби. Тоа е отворено океански станар забележан на длабочина околу 1,220 метри. Овие пронаоѓања го предизвикаа традиционалното внимание за белата ајкула како крајбрежен вид. Според неодамнешни проучувања, Калифорниските бели ајкули се преселиле во област помеѓу Баја, Калифорнија и Хаваи познато како White Shark Café., да поминат најмалку 100 дена пред да се преселат пак на Баја. Тие пливаат полека и нуркаат надолу околу 900м. По пристигнување, ги менуваат навиките и прават кратки нуркања до околу 300 метри. Друга бела ајкула забележана на Јужноафриканси брег пливала кон јужниот брег на Австралија и се вратила по една година. Ова ги отфрлило традиционалните теории дека белата ајкула е крајбрежен грабливец. Зошто се иселиле и што правеле на нивно одредиште е сè уште непознато. Можности вклучуваат сезонско хранење или парење. Слично проучување забележало бела ајкула од Јужна Африка како плива кон Австралијански северозападен брег и назад, патување од 20,000 км за 9 месеци.

Анатомија и изглед уреди

Големата бела ајкула има робусно конусна голема муцка. Горните и долните делови на перките на опашката се приближно иста големина. Белата ајкула појавува сенчање, имајќи бела долна страна и сива горна страна кој и дава целосно ишаран изглед. Одозгора, потемната нијанса се вклопува со морето и под неа изложува минимална силуета против сончевата светлина. Големата бела ајкула како и други ајкули, имаат ред со рецкасти заби покрај главните. Кога ајкулата гризе ја тресе главата од страна на страна помагајќи им на забите да зграбат поголем комад месо.

Големина уреди

Мажјаците достигнуваат зрелост до 3.5-4.0 метри, а женките до 4.5-5.0 метри. Возрасните просечно се 4-5.2 метри долги и имаат од 680-1,100 кг. Женките во главно се поголеми од мажјаците. Прифатено е дека белата ајкула може да достигне и до 6.1 метри должина и 1,900 кг тежина. За неколку декади, многу ихтиолошки дела, како Guinness Book of World Records, подреди две големи бели ајкули како најголеми единки; 10.9 метри бела ајкула фатена во јужно Австралиски води близу Port Fairy во 1870, и 11.3 метри фатена во New Brunswick, Канада во 1930. Некои истрашувачи истакнале дека биле поголеми отколку што било објавено. Во 1970, J.E.Randal ја испита вилицата на Port Fairy ајкула, откри дека била долга 5 метри и сугерираше дека било направена грешка во оригиналната евиденција направена 1870 за должина на ајкулата. Според J.E.Randal најголема сигурно измерена бела ајкула беше 6.0 метри, поединечно пријавена од Ledge Point, Западна Австралија во 1987. Друг примерок со слична големина бил потврден од Канадски истражувачки центар за ајкули; женка фатена од David McKendrick на островот на принцот Едвард во Албертон, во август 1988. Женката била 6.4 метри долга и тежела околу 3,324 кг. Неколку големи бели ајкули фатени во модерни времиња се проценети дека биле долги повеќе од 7 метри, но овие тврења примија и критики. Како и да е, J.E.Randal верува дека белите ајкули можат да надминат и 6.1 метри должина. Голема бела ајкула била фатена близу островот Kangaroo, Австралија на 1 април 1987. Peter Resiley предвидел дека ајкулата имала должина повеќе од 7 метри и била именувана како КАНГА. Друга бела ајкула била фатена во Малта, од Alfredo Cutajar на 16 април 1987, која се смета дека била околу 7.13 метри. Ајкулата била наречена Малта. Сепак, критики се појавија-Cappo ги искористи проценките на J.E.Randal за големина на ајкулата да најави дека Канга била 5.3-5.7 метри долга. Како резултат на тоа, тим од научници, H.F. Mollet, G.M. Cailliet, A.P. Klimley, D.A. Ebert, A.D. Testi и L.J.V. Compagno, во 1996 ги прегледаа примероците на Канга и Малта за да го решат спорот на сеопфатена морфометричка анализа на остатоци од овие ајкули и преиспитување на фотографски докази, со цел да се провери оригиналната големина. Нивните наоди биле во согласност со претходните. Наодите покажале дека мислењата на P.Resiley и J.Abela се разумни и неможат да се отфрлат. Слично тврење за големина е тигреста ајкула, Galeocerdo cuvier, со најголем пријавен примерок од 7.4 метри и 3,110 кг. Други ајкули како гренландската ајкула, Somniousus microcephalus и тихоокеанската ајкула, Somniosus pacificus, исто така се познати соперници во големина. Прашање за најголема тежина е комплицирано од прашањето дали да се вклучи стомачната содржина. Со едно залак белата ајкула може да земе до 14 кг месо, и може да конзумира неколку илјади килограми храна.

Прилагодување уреди

Големата бела ајкула, како сите други ајкули, имаат дополнително сетило од Ampullae of Lorenzini, кој им овозможува да го забележат електромагнетното поле емитувано од движењето на животни. Секогаш кога живите суштества се движат, предизвикуваат електрично поле. Големите бели се толку осетливи што да забележат пола милијарден дел од волт. Дури и биење на срцето испушта слаби електрични импулси. Повеќето риби имаат помалку развиено но слично сетило за користење на странични линии на нивното тело. За поуспешно ловење на брзи пленови како што се морски лавови, белата ајкула е прилагодена да ја одржува телесната температура потопла од околната вода. Оваа блиска структура од вени и артерии, која се наоѓа низ секоја бочна страна на ајкулата, одржува топлина со загревање на ладна артериска крв со венска крв која е загреана од работни мускули. Ова одржува неколку делови од телото (посебно мозок) на температура до 14 степени над околната вода, а срце и жабри осрануваат на морска температура. Успехот на ајкулата во дизање на јадрената температура е пример на гигантотермија. Според тоа, белата ајкула може да се смета за ендотермичен поикилотерм, бидејќи нејзината температура не е константна но е внатрешно регулирана.

Екологија и однесување уреди

Нејзиното однесување и друштвената структура не е добро разберена. Во Јужна Африка, белите ајкули имаат доминантна хиерархија во зависност од големина, пол и станарски права. Женките доминираат врз мажјаци, поголеми ајкули доминираат врз помалите и престојните доминираат врз новодојдените. Кога ловат, имаат тенденција да раздвојат и решат конфликти со ритуали и покажувања. Белите ајкули ретко се впуштаат во борба, иако некои поединци се пронајдени со белези од гризање кои одговараат на други бели ајкули. Ова укажува дека, кога друга ајкула пристапува премногу близу, белите ајкули реагираат со предупредувачко удирање. Друга мошност е дека белите ајкули удираат за да покажат доминација. Белата ајкула е една од неколку ајкули што редовно ја дига главата над морската површина за да здогледа друг плен. Ова е познато како шпионска надеж. Ова однесување е видено најмалку во една група ајкули, но ова може да го научиле од интеракција со луѓе (претпоставено е дека ајкулата може подобро да мириса вака, бидејќи миризбата побрзо се шири низ воздух од колку низ вода). Белите ајкули се обично љубопитни животни, покажуваат интелигенција и можат да се социјализираат ако ситуацијата им го налага тоа. На островот Seal, забележани се бели ајкули како доаѓаат и заминуваат во постојани кланови од две до шест единки годишно. Иако не е познато дали членовите на кланот се поврзани, тие заедно се мирни. Секој член има јасно утврден чин, и секој клан има водич. Кога членови на различни кланови ќе се сретнат, тие воспоставуваат ненасилен друштвен ранк низ интеракцијата.

Диета уреди

Големите бели ајкули се месојадци, и фаќаат риби (туна, други ајкули, делфини, китови, фоки), морски желки, морски видири и морски птици. Познати се по тоа дека јадан предмети кои неможат да ги сварат. Со достигнување големина до 4 метри, белата ајкула почнува да се насочува кон морските цицачи за храна. Овие ајкули претпочитаат плен со високи количества на енергија-богати со масти. Експертот за ајкули Peter Klimley користел прибор за ловење прачка и калем и фрлил мамци од прасе и овца. Ајкулите ги нападнале мамците од прасе но ги одбиле од овца. Репутацијата на белите ајкули како груби грабливци, сепак не се (како еднаш што се верувало) непробирливи јадечки машини. Тие се ловци во заседа, фаќајки жртва изненадувајки ја одоздола. Близу до сега познатиот остров Seal, во јужноафриканскиот False Bay, ајкулите најчесто напаѓаат наутро, два часа по изгревање на сонцето кога видноста е слаба. Стапката на успех во првите два часа е 55%, а на крајот од утрото паѓа на 40%, по што ловењето престанува. Ловечките техники се менуваат во зависност од пленот. Тие одат толку брзо што можат целосно да ја напуштат водата. Врвната брзина на овие ајкули е високо прифатена во научната комуникација дека е над 40 км на час. Исто така набљудувани се кога гонат плен по пропуштен напад. Пленот обично е нападнат на водната површина. Калифорниските ајкули ги прават неподвижни морските слонови гризнувајќи ги за задната нога и чека да искрварат до смрт. Оваа техника посебно се користи на возрасни машки морски слонови кои можат да бидат поголеми од ловецот и потенцијално се опасни непријатели. Фоките едноставно се зграбени од површина и влечени надолу сè додека престанат да се борат. Калифорниски морски лавови се нападнувани одоздола и ударани на пола тело пред да бидат повлечени и изедени. Белите ајкули напаѓаат делфини и китови одозгора, покрај или одоздола за да избегнат да бидат откриени од нивната еко локација. Одбраните групи вклучуваат сиви делфини, рисо делфини, долгоносни делфини, грбави делфини, пристанишни китови.[32] Иако е познато дека белите ајкули избегнуваат конфликт со други, канибализам не е страно за овие видови. Големи единки можат агресивно да се однесуваат со малите. 3 метри долга бела ајкула беше изгризана двапати од ајкула долга 6 метри на островот Stradbroke, близу Brisbane, Австралија. Белите ајкули се хранат и со трупови од кит. Во еден потврден инцидент, белата ајкула е надгледувана како се храни со китов труп покрај тигрести ајкули.

Каснувачка јачина уреди

Во 2007, изучување кое било направено на универзитетот New South Wales во Сиднеј, Австралија биле користени набљудувања од ајкуловата способност и компјутерски модели да ја измерат максималната каснувачка јачина. Проучувањето ја покажало вештината и нивните способности да се справат и решат со конкуренција околу нивните однесувања кога се работи за исхрана. Во 2008, тим од научници предводени од Stephen Wroe направил експеримент, за да се утврди моќта на вилиците на белата ајкула и наодите посочиле дека примерок поголем од 6,4 метар моше да изврши касање со сила над 18.000 њутни.

Размножување уреди

Малку е познато за однесувањето на белата ајкула за време на парење. Раѓањето никогаш не е проучувано, но бремени женки се набљудувани. Белите ајкули се ovoviviparous ( јајцата се развиваат и изведуваат во матка, и продолжуваат да се развиваат до раѓање). Имаат 11 месечен развоен период. Моќните вилици на младите почнуваат да се развиваат во првиот месец. Неродените ајкули учествуваат материчен канибализам; појаките младенчиња ги конзумираат послабите. Породување е во пролет и лето. Скоро ништо не е познато за парењето. Белата ајкула половата зрелост ја постигнува на околу 15 годишна возраст. Максималниот животен век се верува дека е повеќе од 30 години.

Природни закани уреди

Иако белата ајкула е гледана како врвен грабливец во природата, во ретки случаи, жртва на поголемата орка (позната како кит убиец). Конкуренција меѓу белата ајкула и орка е потенцијална во региони каде хранливата склоност на двете врсти можат да се преклопуваат. На 4 октомври 1997 потврден е инцидент на островот Farallon, Калифорнија. 4.7-5.3 метри долга женска орка уби 3-4 метри долга бела ајкула и го изеде нејзиниот црн дроб. Сличен напад се случил таму во 2000, но нејзиниот резултат не е јасен. По двата напади, околу 100 големи бели ајкули исчезнаа. По инцидентот во 2000 година, бела ајкула сателитски била откриена како веднаш потонала во 500 метри длабочина и отпливала на Хаваи.

Напад од ајкула уреди

Повеќе од колку било кој потрвден напад, најпродаваната новела на Peter Benchley, Jaws и подоцна филмската обработка од Steven Spielberg, ја нарекоа белата ајкула “човекојадец” во јавните умови. Иако белата ајкула убила неколку луѓе, тие не се нејзина цел; на пример во Средоземното Море имало 31 потврден напад врз луѓе во последните два века, повеќето не фатални. Многу инциденти изгледале како тест-гризнувања. Белите ајкули гризнуваат и пловки, остатоци од потонати бродови и други необичаени објекти, и можат да зграбат човек или сурфборд за да идентификуваат. Други инциденти се случаи на погрешен идентитет, каде ајкула напаѓа капач или сурфер одоздола мислејќи дека силуетата е од фока. Многу напади се случиле во вода со слаба видливост, или други ситуации каде и се намалени сетилата. Додатни истражувања докажале дека со едно касање можат да кажат дали предметот е вреден за напаѓање. На пример луѓето се премногу ковчести за нивниот вкус. Повеќе сакаат дебели, масни фоки. Како и да е, некои истражувачи претпоставиле дека причини за дел од несреќите е мал не затоа што ајкулите не сакаат човечко месо, туку луѓето после прво каснување често можат да избегаат. Во 1980, John McCosker забележал дека нуркачи кои нуркаат сами и се нападнати од ајкули биле делумно конзумирани, за разлика од нуркачи кои го следеле пријателскиот систем биле спасени од нивните пријатели. Tricas и McCosker сугерирале дека стандарден калап за белите ајкули е да направат првичен уништувачки напад, потоа чекаат жртвата да ослаби пред да го конзумираат ранетото животно. Човечката способност да избегаат со помош на други, го расипува нападот, што е необично за жртвите на белата ајкула. Луѓето, во секој случај, не се соодветна плен затоа што варењето на ајкулата е премногу слабо за да се справи со многуте човекови коски во мускули и и маснотиите. Според тоа, во најголем број регистрирани напади, белите ајкули го прекинуваат контактот по првото касање. Фаталноста најчесто е предизвикана со загуба на крв од првата повреда на екстремитети отколку од загубен орган. Конзервационист на ајкули, Jimmy Hall, пријави и потврди негова средба со голема бела ајкула, со прекар Schatzi, во декември 2005, во водите на Хаваи. Ова среќавање прими светко внимание. J.Hall беше првиот кој пливал со оваа ајкула без заштитен кафез и ја допирал додека ја снимал.

Напади на брод уреди

Белите ајкули ретко напаѓаат и понекогаш дури и бродовите тонат. Само 5 од 108 неиспровоцирани напади од ајкули биле пријавени од крајбрежјето на Тихиот Океан во текот на 20 век во кој биле вклучени кајакари. Во неколку случаи тие нападнале и бродови долги и до 10 метри. Во еден случај во 1936, голема ајкула целосно скокнала на еден јужноафрикански рибарски брод. Tricas и и подводното набљудување McCosker укажуваат дека чамците привлекуваат ајкули поради електричните полиња што тие ги генерираат.

Белите ајкули во заробеништво уреди

Пред август 1981, ни една бела ајкула не живеела затворена повеќе од 11 дена. Во август 1981 ајкула преживеала 16 дена во SeaWorld San Diego пред да биде пуштена. Идејата за одржување жива белата ајкула во SeaWorld Orlando беше употребена 1983 во филмот Jaws 3-D. Во 1984, пред денот на отворање, Monterey Bay Aquarium во Monterey, California била вдомена првата бела ајкула, која умрела по 10 дена. Во јули 2003, Mонтерејските истражувања фатиле мала женка и ја чувале во голема рибарска мрежа близу Малибу околу пет дена. Имале редок случај на навикнување на ајкулата фатена да се храни пред да биде ослободена. Сè до септември 2004 аквариумот не бил во можност да смести белат ајкула за подолга изложба. Млада женка, која била фатена за изложба на брегот Ventura, била чувана во аквариум кој собирал 3,800,000 литри, била чувана 198 дена пред да биде ослободена во март 2005. Била следена 30 дена по ослободување. На 31 август 2006 во аквариум бил донесен млад мажјак фатен во Santa Monica Boy. Негов прв оброк како заробеник бил голем лосос кој му бил даден на 8 септември 2006 и од тој датум, се смета дека бил 1.72 метри и околу 47 кг тежок. Бил ослободен на 16 јануари 2007 по 137 дена заробеност. Monterey Bay Aquarium вдоми трета трета ајкула, млад мажјак, кој бил затворен 162 дена. Кога пристигнал, тој бил 1.4 метри долг и 30,6 кг тежок. Бил пораснат 1.8 метри и 64 кг кога бил пуштен. Млада женка била донесена на Outer Bay изложба на 27 август 2008. Иако пливала добро, ајкулата била нахранета само еднаш во текот на нејзиниот прстој и била пуштена на 7 септември. Друга млада женка била фатена близу Малибу на 12 август 2009, и претставена на Outer Bay изложба на 26 август, и успешно пуштена во дивината на 4 ноември 2009. Најверојатно најпознат заробеник беше 2.4 метри долга женка наречена Сенди, која во август 1980 станала единствена бела ајкула вдомена на California Academy of Sciences’ Steinhart Aquatium во Сан Франциско, Калифорнија. Била пуштена бидејќи не јадела и константно удирала во ѕидовите.

Ајкулен туризам уреди

Нивната лоша репутација им дава желба на туристите. Иако е безбедно да се нурка во близина на повеќе видови ајкули, нуркање со белите ајкули бара голема грижа. Еден заеднички пристап за нуркачите е да останат во рамките на челичниот кафез. Ронење во кафез најчесто го има на бреговите на Австралија, Јужна Африка островот Гваделуп, каде белите ајкули се многубројни. Ронење со кафез и пливање со ајкули е центар за просперитетна туристичка индустрија поради својата популарност. Јавна вештина е да расфрлаш низ вода парчиња риба за да привлечеш ајкули. Со овие вештини би можеле повеќе да се навикнат на луѓе во нивна околина. By drawing bait on a wire towards the cage, tour operators lure the shark to the cage, possibly striking it, exacerbating this problem. Other operators draw the bait away from the cage, causing the shark to swim past the divers. Компаниите се противат на обвиненијата за напади од ајкули, истакнувајки дека има повеќе штрајкови на луѓе од колку напади на ајкули врз луѓе. Нивно мислење е дека додатни истражувања треба да бидат готови пред да забранат пракси кои можат да го сменат природното однесување. Исто така, одговорни нуркачки оператори не ги хранат ајкулите, освен ајкули подготвени да бараат храна следејки траги, и ако на крај не најде храна, ајкулата заминува. Се смета дека владини стратегии за лиценцирање можат да помогнат во спроведување на овие предложени извештаи. Туристичка индустрија за ајкули има финансиска моќ во одржување на овие животни. Еден сет од вилици на бела ајкула може да достигне и до 20,000 долари. Како и да е, тоа е туристичка екстензија за вредност на жива ајкула, многу одржлива економска активност. На пример, нуркачката индустрија во Gaansbai, Јужна Африка, содржи шест бродски оператори и со секој брод се водат по 30 луѓе секој ден. Со исплата од 20 до 150 долари од лице, една жива ајкула може да собере од 9000 до 27.000 долари дневен приход.

Наводи уреди

  1. Fergusson, I., Compagno, L.; Marks, M. (2000). Carcharodon carcharias in IUCN 2009“. IUCN Red List of Threatened Species, Vers. 2009.1. International Union for Conservation of Nature and Natural Resources. Посетено на October 28, 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (Database entry includes justification for why this species is vulnerable)