Голема Република Средна Америка

Голема Република Средна Америка (шпански: República Mayor de Centroamérica) — краткотраен политички сојуз меѓу денешните средноамерикански држави Хондурас, Никарагва и Ел Салвадор. Републиката функционирала од 1896 до 1898 година и таа била обид за заживување на поранешната распадната Федерална Република Средна Америка.

Голема Република Средна Америка
República Mayor de Centroamérica
Федерација

 

 

1896 – 1898
 

 

Знаме Грб
Местоположба на Средна Америка
Главен град Амапала
Јазици шпански
Уредување Република
Историја
 -  Договор од Амапала 20 јуни 1895
 -  Основана 15 септември 1896
 -  Устав 1 ноември 1898
 -  Замрела 21 ноември 1898

Трите држави се согласиле да основаат сојуз со потпишувањето на Договорот од Амапала на 20 јуни 1895 година. Сојузот била основана на 15 септември 1896 откако сите држави го ратификувале договорот. Републиката била преименувана во Соединети Држави на Средна Америка кога уставот стапил на сила на 1 ноември 1898 година. Главниот град на Републиката требало да биде градот Амапала во Хондурас. За време на своето опстојување, сојузот основал дипломатски односи со САД. Гватемала и Костарика требало да се приклучат на сојузот, но не го сториле тоа. Сојузот се распаднал кога генералот Тома Регалдо ја презел власта во Ел Салвадот на 21 ноември.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди