Глоговац (албански: Drenas / Gllogovc, српски: Глоговац / Glogovac) — град и општина во Приштинскиот Округ, во регионот Дреница, Средно Косово. Има население од 58,531 жител.

Глоговац
Општина и град
Drenas
Глоговац is located in Косово
Глоговац
Глоговац
Локација во Косово
Координати: 42°37′N 20°54′E / 42.617° СГШ; 20.900° ИГД / 42.617; 20.900Координати: 42°37′N 20°54′E / 42.617° СГШ; 20.900° ИГД / 42.617; 20.900
ДржаваРепублика Косово
ОкругПриштина
Население (2011)
 • Општина и град58,531
 • Густина212,5/км2 (5,500/ми2)
 • Градскo6,143
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+381 38
Таблици01
Мреж. местоMunicipality of Glogovac

Историја уреди

Општина Глоговац е основана пред Втората светска војна како нова социјална, политичка и административна единица. Во текот на осумдесеттите години економскиот раст е премногу низок, бидејќи режимот прокламираше дискриминаторска политика, особено во економијата. И покрај ова, општината преземаше некои чекори постепено на економски, земјоделски, образовен, медицински и индустриски план. Особено во подобрување на развојот на општината влијаеше изградбата на мрежниот образовен систем, здравствена и сервисна мрежа. Интензивирање на развојот на земјоделството започна особено по изградбата на системот за наводнување "Ибар-Лепенец". Додека, пак, позитивно движење за економијата на Глоговац предизвика фабриката "Ferronikeli".

Пред војната на Косово во 1999 година, ОВК имаше високо ниво на влијание и контрола на поголемиот дел на општината.

За време на војната, многу луѓе беа убиени од страна на федералните сили. Масовни гробници подоцна беа откопани кои беа создадени во обид да се прикрие масакрот.

Географија уреди

Општината Глоговац се наоѓа во централниот дел на Косово. На исток се простира планината Чичавица, а од север и запад ридовите на Дреница. Главниот пат од Приштина за Пеќ поминува низ општината.

На раскрсница во село Коморани, помал пат се протега на север од автопатот, минувајќи низ Глоговац и продолжува до Скендерај. Постојат вкупно 36 села во општината, вклучувајќи го и градот Глоговац. Населението на општината пред бомбардирањето во 1999 година беше околу 58.579, од кои мнозинство беа Албанците, со мал број на Срби и други само во градот Глоговац. Малцинства речиси и да не останаа во општината, со што Глоговац денес е одраз на моноетничка животната средина. Глоговац е лулка на националистичките движења на косовските Албанци. Пред конфликтот ОВК имаше високо ниво на влијание и контрола на поголемиот дел на општината. Општината Глоговац имаше последици од тоа, како што беше целиот регион Дреница. Серија на полициските операции од страна на српските сили, вооружени судири и цивилни жртви беа застапени тука со што дојде до ескалација на вооружениот конфликт во Косово.

Значајни личности уреди

Надворешни врски уреди