Глобус (латински: globus - топка) е намален топчест приказ на Земјата, планетата или небесните сфери со исцртани картографски приказ на дадена површина. Односот и геометриската популарност со стварните прикази е најслична од сите можни интерпретации (мапа и др.). Според типот на глобусот можат и да се поделат на географски и астрономски глобуси.

Централна проекција
Анимација на движење на глобусот

Историја уреди

Првиот глобус се појваил уште во стар век, веднаш по сознанието дека Земјата е топчеста. За прв творец се смета Каратес од островот Малос, кој во 2 век п.н.е. изработил сферен модел на планетата. Калудил Птоломеј во своето дело „Географија“, дал упатства за изработка на глобус. Во текот на 13 век во арапскиот свет е се направени неколку модели на Земјата, само два се сочувани до ден денес.

Мартин Бехајм во 1492 година го конструирал првиот глобус во средниот век, и тоа пред отркивањето на Новиот Свет. На межународната изложба во Париз 1889 година изложен е првиот модел со полупречник од 13 метри и тежина од околу 10 тони во размери 1: 1.00.000. Во денешно време стандардните глобуси се изработуваат во размери од 1:1.35.000.000.

Особености уреди

Пресликувањето на Земјината површина на глобус се врши по правилата на централна проекција. Имено, замислете две идентични топки со заеднички центар, од кои едната е поголема Земја, а земената сфера е помала. Потоа, точките се проектираат со замислени зраци кои се составуваат во заеднишки центар. Со тоа проекциите на површините на Земјата се наоѓаат на глобусот во точките на прескот. Размерот на глобусот е еднаков во секоја точка. Аглите се модели од еднакви истовремени Земјини топки, па тоа уште се нарекува и конформност. Исто така и односот површина е во размери.

Главните одлики на секој глобус се: сочувани сличности на фигурата, конформност и еквивалентност на површината и линијата. На основа на овие покозаватели глобусот е најверен и најприближен приказ на Земјината топка.

Поделба уреди

Глобусите се поделени на:

  • географски (општи, тематски и индукциони)
  • астрономски (ѕвездести, планетарни и месечеви.)

Галерија уреди

Литература уреди

  • Мастило, Н. (2005): Речник савремене српске географске терминологије, Географски факултет, Београд; ISBN 86-82657-55-4
  • Љешевић, А. и Живковић, Д. (2001): Картографија, Географски факултет, Београд; ISBN 86-83501-06-X