Речиси една десетина од површината на Земјата е трајно покриена со лед. Ледената покривка и заледеното море ги оковале поларните краишта, а ледените куполи и ледници (ледници) лизгаат низ падините на високите планински венци. Ледниците се откриени дури и на планините на екваторот.

Создавање на ледената купола уреди

  1. Дебела снежна покривка ја покрива земјата. Свежиот слој го собира постариот, претворајќи го во ледена маса наречена фирн.
  2. Температурата расте, но не е доволно топло за да може да се истопи ледот. По неколку зими слојот на фирн станува подебел.
  3. Фирнот може да созададе ледена купола. Силата на тежата го предизвикува нејзиното лизгање во пониски предели. Ледениот јазик ја исполнува долината, создавајќи ледник.

Одлики на ледникот уреди

Обично, ледниците се спуштаат од високите планини. Повеќето се движат со брзина од 2 м дневно, но на стрмните косини брзината може да биде и поголема. Понекогаш се потребни илјадници години за ледот да стигне до крајот на ледникот кој полека се движи.

 
Ледник во Патагонија, јужна Аргентина

Леднички предел уреди

Кога ледниците ќе се повлечат, да речеме на крајот од леденото доба, зад себе оставаат долини во облик на буквата U, фјордови и длабоки езера. Купишта морена создаваат леднички брекчиња и морски гребени.

Залихи на вода уреди

Повеќе од 75% од залихите на вода во светот е замрзната во ледените слоеви, ледени куполи и ледници.

Ледени проценти уреди

Околу 12% од морето и 10% од копното е трајно покриено со лед.

Најдолги ледници уреди

Тука се наведени најдолгите ледници во секој од главните ледени подрачја на светот.

Ледник Подрачје Должина
(км)
Ламбер-Фишеров Леден Премин Антарктик 515
Патерманс Гренланд 200
Хабард Алјаска, Јукон, С. Америка 128
Сиачен Каракорум, Азија 75
Скеидарарјокул (Скеидарарјокул) Исланд 48
Тасманов Ледник Нов Зеланд 29
Алеч европски Алпи 24
Гјабранг Хималаи 21

Снежна граница уреди

Снежна граница е висина на која го одвојува подрачјето на вечен снег и лед од подрачјето на кое снегот се топи при потопло време.

  • На екваторот снежната граница е на висина од околу 4.900м.
  • На Алпите снежната граница е на висина од 2.700м.
  • Во поларните краишта снежната граница е на нивото на морето.

Леден период уреди

Ледени периоди се јавуваат во време на заладена клима на Замјата и пораст на количеството на лед. Научниците веруваат дека во последните милион години постоеле барем пет ледени периоди.

Последно ледено доба уреди

Последното ледено доба започнало пред 72.000 години, а завршило пред околу 10.000 години. Нивото на морето било околу 150 м пониско отколку денес, затоа што големи количини на вода биле заробени во облик на мраз.

Лавини уреди

Лавина е маса снег и мраз кој одеднаш се стркалува низ планинската падина. Може да биде долга и цел километар, а понекогаш има брзина и од 360 км/ч. Ако на патот и се најде село, куќите ќе бидат срамнети со земја, а луѓето ќе загинат.

 
Лавина

Занимливости уреди

  • Лавината може да ја придвижи ветер со брзина од 300 км/ч.
  • Се проценува дека околу 18.000 австриски и италијански војници загинале во еден единствен ден во 1916 година во повеќе од 100 лавини на Доломитите (северна Италија). Многу лавини биле придвижени со топовското пукање.
  • Најголемите лавини се придвижуваат на падините со косина од 30 до 40 степени.

Ледени санти уреди

Морето се замрзнува кога температурата ќе падне под -1,9℃. Морскиот лед никогаш не е подебел од 5 м.

Ледени рекорди уреди

Најбрзиот ледник уреди

Најбрзиот ледник е Кварајак на Гренланд, а се движи 20-24 м дневно.

Најдебелиот лед уреди

Најдебелиот лед бил дебел 5 км, а се наоѓал во Вилксовата земја на Антарктикот. Тоа е повеќе од половина од височината на Монт Еверест.

Најголемиот леден брег уреди

Најголемиот леден брег е долг 335, а широк 97 км; површината му е за трипати поголема од Кипар.

Најголемиот број на жртви од една лавина уреди

Најголемиот број на жртви од една лавина достигнуваат врој од 5000 во Хуарас, во Перу, на ден 13 декември 1941 година.

Ледени брегови уреди

Ледените брегови се парчиња лед откинати од ледник, ледена покривка.

Највисокиот леден брег уреди

Највисокиот леден брег е висок 167 м. Повисок е од катедралата „Св. Павле“ во Лондон. Заблежан е на Гренланд во 1958 година.

Занимливости уреди

  • Од ледник на западниот дел од Гренланд се откинуваат околу 10.000 ледени брегови годишно.
  • Научниците проценуваат дека просечната старост на ледот во ледениот брег е околу 5000 години.