Гетинген (округ)
Гетинген (германски: Göttingen) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Нортхајм и со сојузните покраини Тирингија (округ Ајхсфелд) и Хесен (окрузи Вера-Мајснер и Касел).
Гетинген Landkreis Göttingen | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Гетинген | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.117 км2 (431 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 323.900 | |
• Густина | 290/км2 (750/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | GÖ | |
Мреж. место | landkreis-goettingen.de |
Историја уреди
Во 1885 година, пруската влада ги основала окрузите Гетинген, Минден и Дудерштат во рамките на Покраина Хановер. Овие окрузи постоеле 88 години, пред да бидат споени во 1973 година да го создадат денешниот округ Гетинген. Во 2016 година ќе биде реорганизиран со додавање на округот Остероде.
Географија уреди
Западната половина на окрузите се протега во Везерското Средногорје. Реката Везер го добива своето име близу градот Хан. Минден, каде Фулда се влева во Вера. На исток се наоѓа реката Лајне, која тече низ округот од југ на север.
Грб уреди
Во горниот дел е хералдичкиот лав на Војводството Брауншвајг-Линебург. Долу е комбинација на грбовите на поранешните окрузи, кои биле припоени во 1973 година за да го создадат денешниот округ: штитот на Минден, сидрото на Гетинген и тркалото на Дудерштат.
Градови и општини уреди
Градови | Слободни општини | Слободни области | Општински заедници | ||
---|---|---|---|---|---|
1. Дрансфелд |
|||||
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
- Гетинген (округ) на Ризницата ?
- Матична страница (германски)