Гета — вид на јапонска обувка која наликува на кломпa или сандала.

Возвишената дрвена платформа (јапонски:台 - даи) се задржува за ногата преку ремен направен од ткаеница (памук, коноп, винил или кожа). Двете парчиња дрво наречени заби (јапонски: 歯 - ха) ја поткрепуваат гетата од долу. Тие прават особен звук кој во јапонската ономатопеја е познат како Каранкорон. За жал овој звук станува сè поредок по улиците во Јапонија во XXI век.

Гети се носат со традиционална јапонска облека т.е., кимоно или јуката. Поженствената гета е во форма на елипса а машкиот вид повеќе зазема форма на правоаголник. Во минатото трговците носеле гети со повисоки заби за избегнување на ѓубрето околу крајбрежните пристаништа.

Гети можат да бидат целосно направени од едно парче дрво, во кој случаи се избегнува изработката на забите.