Гереро (шпански: Estado de Guerrero) — сојузна држава во Мексико, јужно од главниот град Мексико, на брегот на Тихиот Океан. На запад се граничи со сојузната држава Мичоакан, на север со државата Морелос, Пуебла и Мексико. На запад се граничи со Оаксака. Гереро има површина од 64.281 км2, а во него живеат 3,388,768 милиони жители.

Местоположба на Гереро во Мексико.

Држава го добила името по Винсенте Гереро, херој од Мексиканската војна за независност. Настанала во 1849, од крајбрежните области на државите Мексико и Пуебла.

Главен град е Чилпансинго. Меѓутоа, во светот многу попознати се туристичките градови на крајбрежјето на Тихиот Океан: Акапулко и Икстапа. Градот Такско е мексикански центар за експлоатација на сребро, познат и по историската колонијална архитектура. Туризамот е најзначајна стопанска гранка на оваа сојузна држава.

Надворешни врски уреди

17°36′47″N 99°57′0″W / 17.61306° СГШ; 99.95000° ЗГД / 17.61306; -99.95000