Гералт од Ривија (полски: Geralt z Rivii) — измислен лик и протагонист на серијата раскази и романи „Вештерот“ од полскиот писател Анджеј Сапковски. Гералт, еден од ретките преостанати вештери на Континентот, е патувачки наемен убиец на чудовишта, мутиран и обучен уште од рана возраст да убива смртоносни ѕверови.

Гералт од Ривија
лик од Вештерот
Прво појавување
Прва играВештерот (2007)
Последно појавување
  • Литература:
  • Сезона на бури“ (2013)
  • Филм:
  • „Колначот“ (2001)
  • Телевизија:
  • „Сири“ (2002)
    („Колначот“)
СоздавачАнджеј Сапковски
ТолкуваМихал Жебровски
(филмот и ТВ-серијата „Колначот“)
Хенри Кавил
(ТВ-серијата „Вештерот“)
Гласполски:
Јацек Розенек
англиски:
Даг Кокл
јапонски:
Казухиро Јамаџи
Информации
АлијасиБел волк
Гвинблејд
Касапот од Блавикен
Ривакс од Форхорн
Касапот од Белата Орхидеја
ВидВештер
ПолМашки
ЗанимањеУбиец на чудовишта
СемејствоВисена (мајка)
Во врска соЈенефер од Венгенберг (љубовница)
Трис Мериголд (љубовница)
Фринџила Виго (љубовница)
ДецаСири (посвоена ќерка)

Гералт е толкуван од Михал Жебровски во филмот и ТВ-серијата Колначот, и е претставен од страна на Хенри Кавил во телевизиската адаптација Нетфликс.[1]

Измислена биографија уреди

Гералт е вештер. Кратко откако е роден, гералтовата мајка, Висена го дала на обука за евентуално да стане вештер во Кер Морен — упориштето на вештерите. Гралт преживеал мутации за време на Тревните судења, благодарение на што се здобил со разни вештерски обележја: висок отпор на повреди, отрови и болести, забавено стареење, но исто така и неплодност. Тој се опирал на "промените" дадени од Тревните судења најмногу од повеќето, што ги охрабрло неговите создавачи да изведат поопасни експериментални процедури на него, правејќи го да ги загуби целата телесна пигментација. Поради неговата бледа кожа и бела коса, тој исто така на Старешинскиот говор е познат како „Гвинблејд“ (близок велшки превод „Блејд Гвин“), Белиот волк. Од напорната обука за вештери, тој станал мајстор за мечување и научил како да ги користи Знаците, едноставни магии кои вештерите ги користат.

И покрај неговото име, Гералт не потекнува од Ривија (иако научил како да имитира ривиски нагласок и подоцна е витезуван за услугите кон кралицата на Ривија): младите вештери биле охрабрувани да направат свои презимиња од страна на господарот Весимир, за да ги направат своите имиња да звучат поверодостојно. Тој еднаш тврдел дека неговиот прв избор бил Гералт Роже Ери ду От-Белегард, но ова го отфрлил Весимир како глупаво и претенциозно.

По завршувањето на вештерската обука, тој го добил неговиот Волчји медалјон (симбол на Кер Морен) и се впуштил кон светот на неговиот коњ наречен Płotka (буквално, „Црвеноперка“ со диминутивна наставка, поточно „Црвеноперче“ на македонски јазик; тој го дал истото име на секој коњ што го поседувал) да стане убиец на чудовишта за наем.

И покрај тоа што Гералт не верувал во судбина, тој не знаејќи го побарал нероденото дете на принцезата Павета и нејзиниот сопруг Дуни како награда за неговите услуги повикувајќи се на „Изненадниот закон“. Детето испаднало девојче, Сирила, попозната како Сири; од тогаш двајцата се поврзани еден со друг. На почетокот, Гералт не ја зел затоа што жените не можат да станат вештери. Сепак, судбината ги натерала Гералт и Сири да ги вкрстат своите патеки трипати, со тоа што барајќи ја по вторпат кога се повикува на Изненадниот закон на еден патувачки трговец што го спасува од чудовишта за време на случајна средба; и по смртта на нејзината баба, кралицата Каланте од Цинтра, Гералт на крај ја зема девојката во своја грижа, обучувајќи и сакајќи ја како сопствена ќерка.

Следејќи ги расказите, романите се расплетуваат како Гералт влегува во виорот на настани во неговите обиди да ја заштити Сири од оние што би и направиле штета, станувајќи неволно вклучен во политичките расправии на владетелите и императорите.

Книжевна анализа и прием уреди

Гералт е опишан како е емблематичен симбол на духот на полската народна култура на „неолиберална анти-политика“ во 1990-тите.[2] Тој е професионалец, ги извршува своите должности и не сака да се вклучи во „ситните кавги“ на современата политика. Марек Орамус го споредил Гералт со Филип Марлоу, лик на Рајмонд Чендлер.[3] Во 2018 година, GamesRadar го рангирал како шести најдобар јунак во историјата на видео игрите.[4]

Во другите медиуми уреди

Михал Жебровски го прикажува Гералт во прилагодениот филм на полски јазик, „Колначот“.

Телевизија уреди

  • Михал Жебровски го прикажува Гералт во прилагодената серија на полски, „Колначот“.
  • Хенри Кејвл го прикажува Гералт во нетфликсовата адаптација на книгите, чија прва сезона била објавена во 2019 година.[5] Сапковски служел како креативен советник на проектот.[6]

Видео игри уреди

Авантурите на Гералт продолжуваат во не-канонска верзија во трилогијата на видео игри од CD Projekt Red (Вештерот, Вештерот 2: Атентатори на кралеви и Вештерот 3: Див лов), каде тој сè уште е жив, откако бил убиен од толпа за време на против не-човечки немири на крајот од сагата на романот Вештер и неговото тело е однесено во чамец од неговата ќерка Сири во Авалон.

Сапковски изјавил дека игрите се уметничко дело и дека не можат да се сметаат за "алтернативна верзија" или продолжение, „затоа што тоа може да го каже само создавачот на Гералт. Извесен Анджеј Сапковски.“[7]

Гералт, синхронизиран од Даг Кокл, се појавил како гостин лик во играта од 2018 година, Соукалибур VI.[8]

Гералт се појавил и во посебна содржина за Monster Hunter: World[9] и Daemon X Machina.[10]

Наводи уреди

  1. Otterson, Joe (4 септември 2018). „Henry Cavill to Star in 'Witcher' Series at Netflix“. Variety (magazine). Penske Media Corporation. Посетено на 12 април 2020.
  2. Apor, Péter (2008). Past for the eyes: East European representations of communism in cinema and museums after 1989. Central European University Press. стр. 198. ISBN 9789639776050. Посетено на 12 април 2020.
  3. Oramus, Marek (2 септември 2000). „Only the right image of a witcher“ [Jedynie słuszny wizerunek wiedźmina]. Polityka (полски). Полска. стр. 52–54. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 12 април 2020.
  4. „The best heroes in video games“. GamesRadar+. Future Publishing. 28 февруари 2018. Посетено на 12 април 2020.
  5. „Netflix'S The Witcher casts pivotal roles of Ciri & Yennefer“. Netflix. 10 октомври 2018. Посетено на 12 април 2020.
  6. 'The Witcher' Saga TV Series Adaptation Ordered at Netflix“. The Hollywood Reporter.
  7. Purchese, Robert (7 ноември 2012). „Ever wondered what the author of The Witcher books thinks about the games?“. Eurogamer. Gamer Network. Посетено на 12 април 2020.
  8. „Play as Geralt of Rivia in SOULCALIBUR VI!“. CD Projekt Red. CD Projekt. 15 март 2018. Посетено на 12 март 2020.
  9. Nunneley, Stephany (8 февруари 2019). „Monster Hunter World x The Witcher contracts earn you Geralt and Ciri armor and weapon sets“. VG247. Посетено на 12 април 2020.
  10. „Daemon X Machina Meets The Witcher 3 With New Geralt and Ciri DLC“. DualShockers (англиски). 5 декември 2019. Посетено на 12 април 2020.