Георги Василев Мончев, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Георги Мончев
Роден 1883
Прилеп, Македонија
Починал 23 јуни 1913
Солун, денешна Грција

Животопис уреди

 
Тодор Александров и Георги Мончев во 1912 г.
 
Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Сланков и Никола Иванов во Димотика во Балканската војна.

Мончев е роден 1883 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Син е на Васил Мончев и брат на Борис Мончев. Неговиот татко се преселил во Солун. Во 1902 година завршил во Солунската гимназија, а таму станал член на Организацијата.

Во текот на Илинденското востание земал учество во многу борби со османлиската војска како четник на Даме Груев. По востанието бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Од 1906 до 1908 година е четник на Александар Китанов и Гоце Междуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција во 1908 година станува активист на Сојузот на бугарските конституциони клубови. Во 1912 година е уапсен и осуден на прогонство.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година Мончев предводел партизанска чета № 27 од 10 лица четници [1] на Македонско-одринското ополчение, која дејствува во Кукушко и Солунско. Потоа служи во Втора чета на петнаесеттата Штипско дружина, а во Втората балканска војна - во зборната партизанска чета на МОО. Повреден е на 26 јуни 1913 година и по неуспешниот обид да се самоубие, во бесознание се нашол во грчко заробеништво. Починал од повредите во Солун. Добитник е на орден "За храброст" IV [2][3][4].

Извори уреди

  1. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 109
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 472, 893.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр. 110 - 111.