Географија на Казахстан

Казахстан е држава во Средна Азија и Источна Европа. Се наоѓа во центарот на континентот Евроазија и е деветта држава по големина во светот со 2.724,9 км2. На исток, север и северозапад се граничи со Русија, на југ со Узбекистан, Киргистан и Туркменистан, а на југоисток се граничи со Кина.

Карта на Казахстан

Границата на Казахстан започнува од запад со Каспиското езеро, потоа со Приволшката степа, продолжувајќи на север до јужните падини на планината Урал, понатаму на исток се протега и Западносибирската Низина до Алтај. На исток, границата поминува низ Тарбагатај и Џунгарија, на југ по планините Тјеншан и Туранската Низина сè до Каспиското езеро.

Вкупните граници на Казахстан заземаат 12,187 километри. Државата има брегови на Каспиското езеро и Аралското Езеро. Алмати е најголемиот град во државата со околу 1 185 900 жители, додека Нур-Султан (до 2019 г. наречен Астана) е главен град.

Релјеф уреди

Релјефот на Казахстан е разновиден. 58% од територијата на државата сочинуваат пустини и полупустини, 10% планини. На северот на државата превладуваат степи и лесостепи. 23% од територијата на државата е погодна за земјоделство, 70% за живинарство.

На северозапад се наоѓа Предуралското блато. На запад лежи Прикасписката Низина. На југозапад се наоѓа полуостровот Манѓишлак. На исток се наоѓа Устјорт. На североисток од Касписката низина се наоѓа врвот Мугоџари, понатаму се наоѓа и Тургајското блато. Околу Аралското езеро се наоѓа пустината Кузилкум и песочните масиви Голема Барсука, Мала Барсука и Приаралски Каракум.

Население уреди

Според пописот, вкупното население во Казахстан е околу 16.402.861 жител. Густината на населеноста е 5,4/km2 жители на квадратен километар.

Клима уреди

Климата во Казахстан е континентална. Средните јануарски температури се движат од -25ºС (на север и во централен Казахстан) до -3ºС (најуг); средните јулски температури соодветно од 19 до 30ºС. Врнежите во државата се просечно до 300 мм, во пустините под 100 мм, а на планините до 1 600 мм.