Геоархеологија е наука со чија помош може да се толкува културниот развиток на некој регион исклучиво врз основа на податоците добиени од геолошкиот материјал и примената на геолошките методи. Од друга страна. Потекнува од зборовите геологија (грч. геа - земја, логос - наука) која претставува наука за развојот, составот и градбата на Земјината кора,, и археологија - наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување.

Геоархеолог анализира стариграфија на трасата на LGV Est брзата железничка линија.

Геоархеологијата во контекст на едно истражувано археолошко наоѓалиште, се вклучува преку проучувањето на седиментите и почвите, како и геоморфолошките процеси кои учествувале во нивното формирање.

Седиментите и почвите се важни бидејќи во нивната внатрешна структура се зачувани единствените докази за реконструкција на човековото минато, артефактите и екофактите. Со проучување на седиментите се занимаваат профили на истражувачи т.н. геолози-седиментолози, како дел од Седиментологијата и нејзините методи. Седиментолошките методи се цел на низа теренско-лабораториски постапки во кои се користат и многу други геолошки дисциплини.