Генерал Шерман (дрво)

Генерал Шерман (англ. General Sherman) е името на една џиновска секвоја. Ова е најголемото дрво на светот, а воедно и најголемото живо битие на светот. Зафатнината на трупот му изнесува 1487 [[м3]] (2002). Староста му е некаде околу 2.200 години. Дрвото се наоѓа во Џиновската Шума во Секвојскиот национален парк во САД, источно од Висалија, Калифорнија.

Дрвото Генерал Шерман во Секвојскиот национален парк

Дрвото е именувано во чест на Вилијам Текусме Шерман, водач во Американската граѓанска војна од страна на природонаучникот Џејмс Волвертон во 1879 г. Волвертон бил поручник во 9-тата Коњица на Индијана под команда на Шерман. Порај ова, утописката социјалистичка заедница наречена Кавејска колонија, која се преселила во околината во 1880-тите, го именувала дрвото во чест на Карл Маркс.[1] Дрвото било востановено како најголемо во 1931, по спорот наспроти блиското Генерал Грантово дрво. По овој спор запремнината на дрвата насекаде почнала да се смета за решителен фактор.[2]

Статистика уреди

Дрвото Генерал Шерман
Должина (м)
Висина над основата 83,8
Обем при основата 31,1
Максимален пречник при основата 11,1
Пречник на 1,5 м над основата 8,25
Пречник на 18 м над основата 5,3
Пречник на 55 м над основата 4,3
Пречник на најголемата гранка 2,1
Висина на првата голема гранка над основата 39,6
Просечна раширеност на крошната 32,5
Проценета запремнина на стеблото3)[3] 1.486,0

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „The Biggest of the Big Tree: the top five giant sequoias“. The Kaweah Commonwealth. Архивирано од изворникот на 2007-03-01. Посетено на 2007-08-13.
  2. van Pelt, Robert. „The Trees“. Forest Giants.
  3. C. Phillip Weatherspoon. „Sequoiadendron giganteum (Lindl.) Buchholz“. USDA. Архивирано од изворникот на 2008-06-30. Посетено на 2007-08-13.

Надворешни врски уреди