Гвавијаре (река)

река во Колумбија

Гвавијаре (шпански: Río Guaviare) — река во Колумбија, притока на Ориноко.

Гвавијаре
Местоположба
Физички особености
УстиеОриноко
Должина1.497 км
Особености на сливот
Карта на реката Гвавијаре

Произлегува од реките Ариари и Гвајаберо, кои пак извираат во источниот дел на Андите. Долга е 1.497 км, и со тоа е најдолгата река во системот на Ориноко. Пловна е во должина од 630 км. Сливот зафаќа површина од 166.000 км2.[1] Реката Гвавијаре се смета за граница помеѓу областа Љанос и Амазонската прашума.

Главна притока на Гвавијаре е реката Инирида.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Colombia Guía Enciclopédica — C. A. Suárez (Bogotá 2002, ISBN 958-04-6806-0)

Надворешни врски уреди

Координати: 4°02′34″ N; 67°42′41″ W / 4.0427° СГШ; 67.7115° ЗГД / 4.0427; -67.7115