Гастринот е пептиден хормон кој во желудникот ја стимулира секрецијата на HCl.

Гастрин
Назнаки
СимболГастрин
PfamPF00918
InterProIPR001651
PROSITEPDOC00232
Г-клетката е видлива долу лево, а гастринот е означен како двете црни стрелки што водат од него. Забелешка: овој дијаграм не го илустрира стимулирачкиот ефект на гастрин врз клетките на ECL.

Постојат три форми на гастринот:

  • голем гастрин - со 34 аминокиселини
  • мал гастрин - со 17 аминокиселини
  • минигастрин - со 14 аминокиселини

Историја уреди

Постоењето на гастринот прв го предложил британскиот физиолог Џон Сидни Едкинс во 1905 година, а во 1964 година бил изолиран од Родерик Алфред Грегори на Универзитетот од Ливерпул.