Гарска пастрмка

видови риби
Гарска пастрмка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Семејство: Лососи
Род: Пастрмки
Вид: Гарска пастрмка
Научен назив
Salmo obtusirostris
(Heckel, 1851)
Подвидови
  • S. o. oxyrhynchus
  • S. o. salonitana
  • S. o. krkensis
  • S. o. zetensis

Гарска пастрмка (науч. Salmothymus obtusirostris) — вид на риба од фамилијата лососи (Salmonidae). Живее во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора, како и Македонија. Нејзиното природно живеалиште се реките.

Во Македонија живее во Радика и нејзината притока Гарска Река, како и во притоки на Охридското Езеро. Уште ја има и во притоки на Скадарското Езеро. Главата е мала, а телото прилично широко. Забите се слабо развиени. Горната вилица допира сè до под долниот очен раб. Лушпите се ситни, но се нешто поситни од кај радичката пастрмка, а се помали отколку кај мекоусната пастрмка. Слична е на мавровската пастрмка, од кој се разликува по збиеното тело и нешто подолгата глава, како и окото, кое е релативно поголемо. Најсигурна одлика за разликување од мавровската пастрмка е значително поголемата ширина на задниот дел на горната вилица кај гарската пастрмка. Разлики постојат и во бојата на телото и пигментацијата; кај гарската пастрмка црните флеки се поситни и се групирани во предниот дел на телото а ројот на пилорични израстоци изнесува просечно 46,5.

Позната грабливка, пред сè лови ноќе. Се храни со земни и летечки инсекти. Просечна големина е до 30 cm и маса до 0,400 кг, иако ретко, одделни примероци израснуваат до 45 cm и маса до 1 кг.

Наводи уреди

  1. Salmo obtusirostris. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 25 септември 2009.