Галик (грчки: Γαλλικός, Галикос) — река во централниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција), со должина од околу 60 километри, а сливот ѝ зафаќа површина од 930 км2.

Галик
Местоположба
Физички особености
УстиеСолунски Залив
Должина65
Особености на сливот
Мост на Галик за време на Првата светска војна

Реката извира од јужните падини на планината Круша, тече во јужен правец, па минува крај градотКукуш и се влева в Солунскиот Залив меѓу с. Текелиево (Синдос) и Солун. Заедно со почетните водотеци, реката е долга вкупно 65 километри.

По реката е крстена и поранешната општина Галик. Во Грција, покрај „Галикос“ се користи и древното име „Ехедор“ (Εχέδωρος, Ехедорос), по кое е наречена и поранешната општина со центар во Текелиево.[1] Се смета дека нејзиното име доаѓа од населба на Галите, наречена Галикум, основана на местото на подоцнежниот Кукуш; името се зачувало во тој облик и по завршувањето на римското владеење.[2]

Галик минува и крај Лагадинското Поле, каде солинските сртови продолжуваат во Круша и го делат коритото на Галик од полето.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ο ποταμός Εχέδωρος καθρέφτης του πολιτισμού μας
  2. Влахов, Туше (1969). Кукуш и неговото историческо минало (PDF) (Второ допълнено. изд.). София: Наука и изкуство. стр. 9.
  3. Канчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Патни белешки , Избрани дела. Том I. Издаваштво „Наука и изкуство“, Софија 1970, стр. 31.