Галате

село во Општина Врапчиште

Галате — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Галате
Галате во рамките на Македонија
Галате
Местоположба на Галате во Македонија
Галате на карта

Карта

Координати 41°50′26″N 20°52′41″E / 41.84056° СГШ; 20.87806° ИГД / 41.84056; 20.87806
Општина Врапчиште
Население 980 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07018
Надм. вис. 557 м
Галате на општинската карта

Атарот на Галате во рамките на општината
Галате на Ризницата
Црквата „Св. Никола“ во Галате
Црквата „Св. Богородица“ во Галате

Географија и местоположба уреди

Историја уреди

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948391—    
1953454+16.1%
1961421−7.3%
1971392−6.9%
1981398+1.5%
ГодинаНас.±%
1991461+15.8%
1994928+101.3%
20021.151+24.0%
2021980−14.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галате живееле 325 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галате имало 424 Македонци патријаршисти.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото е дел од Галатска општина и брои 47 куќи со 203 жители Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.151 жител.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 980 жители, од кои 296 Македонци, 461 Албанец, 214 Турци, 1 Србин, 2 останати и 6 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 391
1953 450 3 1 454
1961 420 1 421
1971 379 13 392
1981 397 1 398
1991 372 9 78 1 1 461
1994 349 437 126 14 2 928
2002 334 643 173 1 1.151
2021 296 461 214 1 2 6 980

Родови уреди

Во времето на истражувањата кои биле вршени во селото во 1947 година, Галате било чисто македонско село, родови во селото биле:

  • Цвеловци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (две семејства).
  • Новаковци (2 к.), староседелци.
  • Мировци (9 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Ратае.
  • Пејовци (1 к.), староседелци.
  • Гоџовци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Варна (едно семејство) и во Шумен (едно семејство).
  • Ѓорговци (5 к.), староседелци.
  • Шакшалевци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (едно семејство).
  • Поповци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Белград (две семејства).
  • Цоцолевци (8 к.) и Страшевци (5 к.) доселени во различен период, од сега албанското село Пршовце. Во родот Страшевци го знаат следното родословие: Петко (жив на 47 г. во 1947 година) Милош-Змејко-Димо, кој се доселил;
  • Балабановци (5 к.) и тие се доселени од селото Прошовце, подалечно потекло од селото Радомир во Калиса (северна Албанија). Го знаат следното родословие: Манојло (жив на 58 г. во 1947 година) Оносим-Димитрија-Стојко, кој се доселил од Прошовце. Имаат иселеници во Брвеница.
  • Цацановци (3 к.) доселени се од сега албанското село Градец. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
  • Синадиновци (2 к.) доселени се од селото Чајле.
  • Димитриовци (1 к.) доселени се од селото Балин Дол.
  • Поречанец (1 к.) основачот на родот е дојден како домазет од Порече.
  • Симјановци (1 к.) доселени се од Ново Село, каде биле староседелци.
  • Кукевци (1 к.) основачот на родот се доселил од селото Пожаране.
  • Бучуковци (1 к.) исто така доселени од Пожаране.[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 460 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[13]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Гладница — населба и некропола од доцна антика;
  • Градиште — утврдена населба од железно и римско време;

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди