Габриеле Салваторес

Габриеле Салваторес (Неапол 30 јули 1950) е италијански режисер и сценограф кој во 1992 освоил Оскар за најдобар странски филм со „Mediterraneo“. Друг негов познат филм е „Io non ho paura“ („Јас не се плашам“).

Габриеле Салваторес
Габриеле Салваторес на презентацијата од „Happy family“
Роден(а)30 јули 1950(1950-07-30)(73 г.)
Наплес
Националноститалјанец
Занимањепродуцент, автор
НаградиАкадемска награда во 1991 година

Животопис уреди

Се преселил во Милано со неговата сестра и родителите. Неговиот прв светски спектакуларен успех не бил претставен во киното. Всушност почетокот на неговата активност e во 1972 воМилано (заедно со Фернандо Бруни) во театарот Elfo, каде што режира многу авангардни спектакли.

Во 1989 филмот „Marrakech Express“ и „90 Turnѐ“ се режирани со неговата група на глумци-пријатели меѓу кои се Диего Абантуоно и Фабрицио Вентиволио како и глумицата Лаура Моранте. Во 1991 со „Mediterraneo“ го освојува Оскарот за најдобар странски филм.

Неговата таканаречена „Трилогија на бегството“ составена од три филма е идеално продолжение на „Puerto Escondido“ филм за романсата на Пино Какучи. Сладната година го режира "Sud" за да претсави политичко-социјалната состојба во Италија од гледна точка на емигрантите. Главни теми се бегство од реалноста која не се разбира или не се прифаќа, која безвредно би се променила, групната носталгија и патувањата како замислено идеално одредиште. „Nirvana“ (1997) го покажува почетокот на периодот на експериментирање за време на режирањето и на „Denti“(2000) и „Amnѐsia“ (2002) со главниот лик Серџо Рубини.

Во 2005 со „Quo vadis, baby?“ ја прикажува романсата на Грација Верасани. Таму ја потиснува својата потреба да експериментира користејќи дигитални техники во текот на целиот филм.

Во 2008 сателитскиот канал SKY ITALY ја прикажува мини серијата од филмот „Quo vadis, baby?“ којшто постигнува голем успех.