В’дришта

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

В’дришта (грчки: Παλαιός Μυλότοπος, Палеос Милотопос; до 1927 г. Βούδριστα, Вудриста[2]), на турски: Сари Кади — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 720 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство.[3]

В’дришта
Παλαιός Μυλότοπος
Црквата „Св. Петка“ во В’дришта
Црквата „Св. Петка“ во В’дришта
В’дришта is located in Грција
В’дришта
В’дришта
Местоположба во областа
В’дришта во рамките на Постол (општина)
В’дришта
Местоположба на В’дришта во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.11′N 22°19.34′E / 40.80183° СГШ; 22.32233° ИГД / 40.80183; 22.32233Координати: 40°48.11′N 22°19.34′E / 40.80183° СГШ; 22.32233° ИГД / 40.80183; 22.32233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно720
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Влезот на црквата „Св. Петка“.
Црквата „Св. Атанасиј“.

Географија уреди

Селото е сместено во Солунското Поле, 8 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и 3 км југозападно од Ново В’дришта, меѓу него и Карајотица.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Селото се спомнува во Слепченскиот поменик од XVII - XVIII век како Вадришта.

Во В’дришта се наоѓа една од најстарите преостанати цркви во областа — храмот „Св. Петка“ од 1756 г., која била епископско седиште. До селото е и црквата „Св. Атанасиј“, изградена околу 1800 г. и горела во 1842 и 1933 г.[4][5] Во неа е пронајдено евангелие од 1659 г. кое денес е сместено во Националниот историски музеј во Софија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. В’дришта (Сари Кади) броело 800 жители Македонци.[6][7]

Во 1903 г. целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, а во селото уште поодамна работела бугарската пропаганда преку училиштето.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во В’дрица (Voudritza) имало 560 Македонци, сите под егзархијата.[6][9]

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

В’дришта (Сари Кади), 9/III, 2¼ ч. од Бабјан. Вкупно 100 куќи: 90 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 10 Роми муслимани, всички чифлик. Доста збогатени селани поради извонредната плодност на почвата (еден погон, засеан со пиперки, дава 50 лири годишно?). Егзархијата ја признале во 1903 г., по статусквото, но бугарско училиште имале нередовно уште пред 30 години. Во селото има две цркви и две училишта. Засега црквите и едното училиште се затворени. Црковни имоти — 8 куќи и неколку погони ниви; годишно добиваат приход од 7-8 лири. Освен тоа, бегот дава секоја година по едно рало земја да се обработува во полза на црквите. Отвореното училиште е двокатно, со две простории, таваносано. И двете простории се со големина од 7×5×3 метри и добро се осветлени.[6][8]

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Дел од селаните биле подложени на мачења. Кметот на Крсте бил убиен. Убиен бил и поранешниот член на ВМРО, П. Атанасов. Подоцна, неговиот предавник Божил Филов е линчуван од селаните. Селото е ограбено од војската, која ги заплашувала селаните дека ќе ги убие ако не станат Грци. Истеран е учителот Ефтим Улумчиев и селото било принудено да се стави под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).[10]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 410 жители, а во 1920 г. се накачило на 610 лица.[3] Во 1924 г. грчките власти истерале 337 жители, а на нивно место довеле 700 грчки колонисти од Понд, за кои се изградени нови домови.[3] Во 1927 г. е преименувано во Милотопос. Новоизградената населба малку подоцна се одвоила како посебно село, наречено Ново В’дришта (Неос Милотопос). Во 1940 г. селото повторно е преименувано, овојпат во Палеос Милотопос (Старо В’дришта) за да се разликува од новото. Интересно е тоа што Ново В’дришта исто така има доста македонски жители, кои државата ги довела од планинските села за полесна контрола и асимилација.

Како одделна населба, В’дришта (Старо В’дришта) во 1940 г. броело 529 жители, од кои 60 % биле Македонци. Според статистиката на НОФ, во 1947 г. селото имало 610 жители, од кои 400 биле Македонци, 150 биле грчки дојденци, а 60 биле Власи, доселени по извршените мелиорации.[3] По Граѓанската војна, селото продолжило да расте, а македонското население надминало двотретинско мнозинство.[3] Во 2000-тите е забележан извесен пад на населението.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 529 617 763 754 753 819 831 720
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

В’дришта важи за прилично богато село поради плодното земјиште и доброто наводнување на почвата. Главни производи се овошјето, памукот и житото, а застапено е и краварството.[3]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βούδριστα -- Μυλότοπος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64–65.
  4. Црквите на В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 14 јануари 2010 г. (грчки)
  5. В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 15 јануари 2010 г. (грчки)
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  8. 8,0 8,1 Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 84.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4.