Вунсторф (германски: Wunstorf) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.

Вунсторф

Wunstorf

Пешачката зона во средиштето на градот
Пешачката зона во средиштето на градот
Пешачката зона во средиштето на градот
Грб на Вунсторф
Вунсторф во рамките на Германија
Вунсторф
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Градски единици 14
Градоначалник Ролф-Аксел Еберхарт (ДХС)
Основни податоци
Површина 126,60 км2
Надм. височина 43 м
Население 41.480 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 328 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 31515
Повик. бр. 05031, 05033 (Штајнхуде и Гросенхајдорн), 05723 (Идензен-Нинграбен)
Портал www.wunstorf.de
Местоположба на градот Вунсторф во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати 52°25′39″N 9°25′46″E / 52.42750° СГШ; 9.42944° ИГД / 52.42750; 9.42944

Во негова близина се наоѓа Воздухопловната база Вунсторф на германските воздухопловни сили. Западно од градот, местата Штајнхуде и Гросенхајдорн се наоѓаат на бреговите на Штајнхудското Езеро.

Географија уреди

Местоположба уреди

Низ градското подрачје на самиот Вунсторф тече Вестауе, која се влева во Лајне, североисточно од Борденау. На запад се наоѓа Природниот парк Штајнхудско Езеро.

Градски единици уреди

Кон градското подрачје на Вунсторф припаѓаат местата:

  • Блуменау (со Лите)
  • Бокело
  • Гросенхајдорн
  • Клајн Хајдорн
  • Идензен (со Идензермор и Нинграбен)
  • Коленфелд
  • Луте
  • Месмероде
  • Штајнхуде
  • Вунсторф

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет се состои од 40 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година:

SPD: 16 места
CDU: 13 места
GRÜNE: 4 места
FDP: 2 места
AfD: 4 места
независни: 1 место

Градоначалник уреди

Од 1999 година градоначалник на Вунсторф е Ролф-Аксел Еберхарт (CDU).

Збратимени градови уреди

Вунсторф е збратимен со следниве градови:

Сообраќај уреди

Вунсторф има два излези на автопатот А2.

Железничката станица Вунсторф има редовни врски со Хановер преку локални и регионални возови, како и врски до Минден и Нинбург. Локалната автобуска мрежа дозволува врски со возови до/од Хановер.

Најблизок комерцијален аеродром е Хановер-Лангенхаген, околу 25 километри преку А2 и A352.

Познати луѓе уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди