Втора битка на Марна

Втора битка на Марна е една од големите битки во Првата светска војна, која се одвивала во близина на реката Марна од 15 јули до 5 август во 1918 година. Станува збор за последната голема германска офанзиваБила је то последња велика немачка офанзива на Западниот фронт. Битката завршила со победа на сојузничките сили кои во силен противнапад ги совладале Германците и им нанеле тешки загуби.

Втора битка на Марна
Дел од Западен фронт во Прва светска војна
German gains in early 1918
Германска офанзива 1918
Датум 15 јули – 6 август 1918
Место реката Марна, Франција
Исход Победа на сојузничките сили
Завојувани страни
Франција Франција
 САД
Обединето Кралство Велика Британија
 Кралство Италија
Тајланд Сиам
Германско Царство Германија
Команданти и водачи
Франција Фердинанд Фош Германско Царство Ерих Лудендорф
Жртви и загуби
Франција: 95,165 мртви и ранени
Обединето Кралство: 16,552 мртви и ранени
САД: 12,000 мртви и ранени
Кралство Италија: 9,000 мртви и ранени
139,000 мртви и ранени
29,367 заробени
793 загубено оружје

Причини уреди

По неуспех на Пролетната офанзива и обид војната да се заврши со неа, германскиот командант Ерих фон Лудендорф верувал дека со напад низ Фландрија Германија ќе дојде до толку посакувана победа и дека ќе ги заврши сите неволји на рововското војување. За да ги измами сојузничките сили и сокрие вистински воен план, прибегнал кон стратегија со која сакал да ги навлече сојузничките трупи кон Белгија. Паул фон Хинденбург планирал да изврши голем напад во должина на реката Марна.

Приказ на битката уреди

Битка започнала на 15 јули 1918 година. Така што 23 германски дивизии од состав на Првата и Третата армија ја нападнале француската Четврта армија под команда на генерал Анри Журо, источно од Ремс. Во меѓувремен 17 дивизија на германската Седма армија, со помош на Деветтата армија ја нападнала француската Шеста армија западно од Ремс. Ерих фон Лудендорф се надевал дека ќе ги расцепи француските сили на два дела. На француските трупи на помош им стигнале 85.000 американски војници и војска на британскиот експедиционен корпус. Германскиот напад го запреле источно од Ремс уште во првиот ден. Напад на запад бил успешен и Германците се пробиле низ линиите на француската Шеста армија и напредовале околу 17 километри, пред да ги запре француската Деветта армија на 17 јули, со помош на Американаци, Британаци и Италијанци. Кога воочил дека Германците не успеале да се пробијат, главниот командант на сојузничките сили Фердинанд Фош на 18 јули 1918 година, наредил почеток на голем противнапад. Дваесет и четири француски дивизиии, заедно со сојузнички сили[1] и со 350 тенкови ги нападнале Германците. Противнападот бил мошне успешен.

Првиот ден на битката француските Десетта и Шеста армија напредувале над 9 километри. Петтата и Деветтата француска армија извршиле дополнителни напади на запад. На 20 јули 1918 година, Германците наредиле повлекување на позициите од кои ја започнале Пролетната офанзива на почеток на таа година.[2] Сојузничкиот противнапад на 6 август го запреле добро вкопани германски сили.

Последици уреди

Катастрофалниот пораз на германската војска бил причина за да се откажат од плновите на Лудендорф за инвазија на Фландрија. Таа сојузничка победа била прв чекор кон низа сојузнички победи со кои Првата светска војна и бесмислената загуба на милиони животи водела кон крај.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Byron Farwell, Over There: The United States in the Great War, стр.169.
  2. firstworldwar.com/battles/marne2.htm