Вртикоп (општина)

општина во Егејска Македонија
Општина Вртикоп
Δήμος Σκύδρας

Општината Вртикоп на картата на областа Централна Македонија

Топографска карта на општината Вртикоп
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Постол
Гео. област: Сланица
Население: 20.031 (2021)
Седиште: Вртикоп
Нас. места: 21
Пошт. бр.: 585 00
Пов. бр.: 23810
Портал: skydra.gr

Вртикоп или Вртокоп (грчки: Δήμος Σκύδρας, Димос Скидрас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Вртикоп (Скидра). Општината е сместена во областа Сланица, Воденско.

Населени места уреди

Општината Вртикоп е создадена по законот „Каликратис“ на 1 јануари 2011 г., со спојување на две стари општини: Вртикоп и Мениида.[1]

Општинска единица Вртикоп уреди

 
Поранешната општина Вртикоп на картата на некогашниот округ Пела.

Општинската единица Вртикоп ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Вртикоп
  • град Вртикоп (или Вртокоп; Σκύδρα, Скидра)
  • Општински оддел Арсен
  • Општински оддел В’гени
  • село В’гени (Σεβαστιανά, Севастијана)
  • Општински оддел Врбени
  • Општински оддел Групиново
  • село Гропино (или Групиново; Δάφνη, Дафни)
  • Општински оддел Каменик
  • Општински оддел Колибите
  • Општински оддел Липохори
  • село Липоор (или Липохоро, Липохори, Λιποχώρι)
  • Општински оддел Прањани
  • Општински оддел Ризово
  • Општински оддел Треболец

Општинска единица Мениида уреди

 
Поранешната општина Мениида на картата на некогашниот округ Пела.

Општинската единица Мениида ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Калиница
  • Општински оддел Дреново
  • Општински оддел Карамзино
  • село Карамзино (или Кара Азма, димотики Καλλίπολή, Калиполи, катаревуса Καλλίπολις, Калиполис)
  • село Сенделчево (или Сендил, димотики Σανδάλι, Сандали, катаревуса Σανδάλιον, Сандалион)
  • Општински оддел Мандалево
  • село Мандалево (димотики Μάνδαλο, Мандало, катаревуса Μάνδαλον, Мандалон)
  • Општински оддел Недирчево
  • село Недирчево (или Надр, димотики Άνυδρο, Анидро, катаревуса Ἄνυδρον, Анидрон)
  • Општински оддел Свети Илија
  • село Свети Илија (или Мечкили, Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас)

Поранешни села уреди

На територијата на општината Вртикоп се наоѓаат и три раселени села: Маврејново (Μαύρο, Мавро), Орман Чифлик (Δενδρί, Дендри) и Превртенец (Δελικλή Καγιά, Деликли Каја).

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски уреди