Врколакотмитолошко суштество во европските народни преданија, кое е човек што на полноќ се претвора во волк[1] и јаде животни, луѓе или лешови, а повторно станува човек преку ден. Се смета дека некои врколаци ја менуваат формата по своја желба; други, кои ја наследиле состојбата или ја здобиле, бидејќи биле гризнати од врколак, се преобразуваат против своја волја под влијание на полната месечина. Верувањето во врколаци постои насекаде низ светот. Луѓето што сметаат дека се волци страдаат од душевно растројство наречено ликантропија.

Гравура на врколак од XVIII век
Зевс го претвора Ликаон во врколак, нацртано од Хендрик Голициус (1558–1617)

Легенди кај разни народи уреди

Во македонските верувања уреди

Во македонските народни преданија и верувања, врколакот е челник на волците што излегува на полна месечина или едноставно човек што се претвора во волчјо суштество. Од неговите напади (и од самите волци) народот се бранел во текот на т.н. „волчји денови“. Се вршеле обреди на влезовите од шталата, не се носело ништо волнено, не се изговарал зборот „волк“, па дури и се заклучувале ножевите, сè со цел да се затне волчјата уста. Во приказните се среќава и брак помеѓу волк и девојка. Во потесна врска со ова верување е и празникот Мартинци.[2]

Антички записи уреди

Грчкиот поет Овидиј, во својата книга „Преобразби“, за запишал легендата за аркадискиот крал Ликаон кој на гозбата во чест на Зевс подготвил човечко месо. Поради тоа, Зевс го претворил во волк.

Според грчкиот историчар Херодот, постоел народ Неури, кои живееле во близина на Скитите (некаде на територијата на денешна Полска). Скитите се плашеле од нив, бидејќи верувале дека се тоа врколаци.

За песоглавите, раса на луѓе со глава на пес, се верува дека биле човекојадци.

Приказните за полната месечина отсекогаш биле драматични, бидејќи полната месечина е повразана со причинување лудило кај луѓето и укажува на тоа дека отсекогаш постоела магична поврзаност помеѓу човекот и животното. Легендите за врколаците се едни од најстарите легенди и се најшироко распространети. Приказните за врколаците можат да се најдат наназад во вековите пред пишаната историја. Како дел од митологијата односно фолклорот, врколаците се појавуваат во огромен број, низ целиот свет. Од Кина па сѐ до Исланд и Бразил, и сѐ до Хаити. Во најголем број, скоро 90% се појавуваат во европските земји, во секоја земја, односно култура има различни приказни за нив, односно различни легенди за истите.

Источноевропски митови уреди

Некои од најстарите митови поврзани со врколаците доаѓаат од Романија и од грчки извори. Се кажува дека кога кралот Лусијан го посетиле Боговите на смртта, тој не им поверувал дека се вистински Богови, па решил да ги тестира сервирајќи им човечко месо за храна во нивна чест. Канибализмот како нешто што не било одобрено во тој дел од светот претставувало најголемо омаловажување. Откако го откриле ова предавство, Боговите го претвориле кралот Лусијан во врколак. Бидејќи толку сакал човечко месо - волкот во него бил најприфатлива форма за да земе учество во таква дива природа.

Скоро во сите митологии врколаците се суштества, луѓе кои стануваат волци, намерно, користејќи магија или под дејство на клетва. Користењето на магии се прави на повеќе начини како што се носење каиши од кожа од посебен вид на волк, пиење на вода од трагата на стапалото на волкот, а во некои култури, посебно руската, се верувало дека и секој седми син на седмиот син од една фамилија станува врколак.

Легенди кај индијанските народи уреди

Во шаманизмот постои тенденција да се поврзе човекот со некои животни. Сите индијански народи имале свое животно како тотем, и верувале дека потекнуваат од него.

Други верувања уреди

Постои и друго верување, дека некој човек може да стане врколак ако е каснат од друг врколак. Врколаците имаат мутиран ген во крвта кој подоцна се пренесува на други луѓе како вирус и така мутираат заразените. Во скандинавските митологии се верувало дека ако човекот е каснат од сив волк на полна месечина може да се престори во врколак. Вистинскиот врколак се менува комплетно (целосно) и порадо станува животно отколку човек. Стравот од полна месечина е дело на Гервас од Тибериј кој мената ја поврзал со месечинските фази, а било и врежано и мислењето дека врколаците ги задржуваат своите интелектуални особини во текот на мените, а тие му овозможуваат отпорност на болести и стареење. Врколаците обично живеат самотнички живот низ шуми и планини далеку од секаков вид на цивилизација. На ваквите суштества кои можеле да се убијат само со сребрен куршум, низ историјата им се судело исто како и на вештерките.

Во уметноста и во популарната култура уреди

Врколакот се јавува како мотив во уметноста и во популарната култура, како:

Наводи уреди

  1. „врколак“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Врколак[мртва врска] - „Требениште“ (македонски)
  3. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 19-31.
  4. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 13-17.
  5. Виктор Пелевин, Синиот фенер. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 64-101.
  6. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 272.
  7. IMDB, The Wolf Man (1941) (пристапено на 15.5.2019)