Време, живот (филм)

филм

Време, живот — македонски игран филм по сценарио на Русомир Богдановски, а во режија на Иван Митевски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов.

„Време, живот“
РежисерИван Митевски
СценаристРусомир Богдановски
Главни улогиКирил Ќортошев
Таска Балабанова
Ненад Стојановски
Петре Прличко
Силвија Стојановска
Тодор Николовски
Душко Костовски
Драги Крстевски
Добрила Пуцкова
Ванчо Петрушевски
Жанрмелодрама
МузикаЉупчо Константинов
ДистрибутерНосталгија филм
Министерство за култура
МРТВ
Премиера1999
Времетраење? мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Премиерата била одржана во 1999 година.

Кратка содржина уреди

„Време, живот“ е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди „Трето доба“, снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. „трето доба“ од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од глумците, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од „blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство... Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди