Вратин (грчки: Αλιάκμονας, Алјакмонас; книжевно: Αλιάκμων, Алјакмон, до 1927 година: Βρατίνιον, Вратинион[2]; во периодот 1927-1960 година: Παλιούριον, Палиурион [3]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Горуша, во Западна Македонија, Грција.

Вратин
Αλιάκμονας
Улица со црквата „Св. Троица“
Улица со црквата „Св. Троица“
Вратин is located in Грција
Вратин
Вратин
Местоположба во областа
Вратин во рамките на Горуша (општина)
Вратин
Местоположба на Вратин во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°19′N 21°26′E / 40.317° СГШ; 21.433° ИГД / 40.317; 21.433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000580000000580 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно231
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50001
Повик. бр.+30 24680

Географија уреди

Селото се наоѓа на околу 5 километри источно од гратчето Лапчишта, на левиот (североисточен) брег на реката Бистрица. Сместено е на 580 метри надморска височина.[4]

Историја уреди

Во близина на селото се наоѓа античка населба, каде што се пронајдени антички наоди, статуа на Афродита од IV век п.н.е., како и мозаик на ранохристијанска црква.

Кон крајот на XIX век, Вратин било село во Населичката каза на Отоманското Царство.

Селото Вратин било населено со грчко население од порано.[4]

Во 1927 година, селото било преименувано во Алјакмон (Αλιάκμων), а во периодот 1927-1960 било познато како Палиурион (Παλιούριον). Името Алјакмон потекнува од грчкиот назив на реката Бистрица.

Стопанство уреди

Поради плодната почва во долината на реката Бистрица, земјоделството е развиено.

Неговото население произведува многу жито, тутун, компири, пченка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[4]

Население уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вратин живееле 375 Грци христијани.[4][5]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 467 жители, во 1920 година со 354 жители, во 1928 година со 508, во 1940 година со 587, во 1951 година со 524, во 1961 година со 512, во 1971 година со 458, во 1981 година со 451, а во 1991 година со 316 жители.[4]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 281 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 231 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 587 524 512 458 451 316 281 231
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 21 квадратен километар.[4] Општината Вратин била приклучена во општината Лапчишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Лапчишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вратин, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρατίνιον -- Παληούριον
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλιούριον -- Αλιάκμων
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). „Кожански округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
  5. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 273.

Белешки уреди