Војводство Фиренца

Војводство Фиренца (италијански: Ducato di Firenze) — италијанско кнежевство чиј центар се наоѓал во градот Фиренца, Тоскана, Италија. Војводството било основано откако царот Карло V го вратил правото на управување на династијата Медичи над Фиренца. Во 1530 година папа Климент VII, и самиот Медичи, го именувал неговиот роднина Алесандро де Медичи како војвода од Фиренца, со кое настапило трансформирање на Република Фиренца во наследна монархија.

Војводство Фиренца
Ducato di Firenze

 

1532 – 1569
Знаме Грб
Местоположба на Фиренца
Војводство Фиренца (во зелено) во 1557 година
Главен град Фиренца
43°47′N 11°15′E / 43.783° СГШ; 11.250° ИГД / 43.783; 11.250
Јазици италијански
Уредување Монархија
Војвода од Фиренца
 -  1532–1537 Алесандро
 -  1537–1569 Козимо I
Историја
 -  Основање 1532
 -  Битка кај Марчијано 1554
 -  Претворено во Големо Војводство Тоскана 1569
Валута флорин

Во 1569 година папата го прогласил Козимо за Голем војвода на Тоскана. Медичи управувале со Големото Војводство Тоскана до 1737 година.