Војводство Баварија

поранешна држава во Европа

Војводство Баварија (германски: Herzogtum Bayern; латински: Ducatus Bavariae) — пограничен регион во југоисточниот дел на Меровиншкото Кралство од шестиот до осмиот век. Било населено од баварски племиња и управувано од војводи под владеење на Франките. Новото војводство било создадено од оваа област за време на падот на Каролиншкото Царство кон крајот на деветтиот век. Станало едно од матичните војводства на Источна Франкија која еволуирала во Кралството Германија и Светото Римско Царство.

Војводство Баварија
Herzogtum Bayern (германски)
Ducatus Bavariae (латински)
Царското знаме на Светото Римско Царство
 

555–1623


Знаме Грб
Местоположба на Баварија
Војводството Баварија (црвено, вклучувајќи го и австрискиот марш) во рамките на Светото Римско Царство околу 1000 година.
Местоположба на Баварија
Војводството Баварија во рамките на Светото Римско Царство, 1618 година
Главен град Регенсбург (до 1255 г.)
Минхен (од 1505 г.)
Јазици Баварски, Горногермански дијалекти, Латински
Вероисповед Римокатоличка црква
Уредување Феудална монархија
Војвода
 -  555–591 Гарибалд I (прв)
 -  1597–1623 Максимилијан I (последен)
Историски период Среден век
 -  Гарибалд I како вазал на Меровинзите, прв документиран војвода 555
 -  Под власт на Каролиншкото Царство 788
 -  Арнулф ја презел војводската титула 907
 -  Доделено на Домот на Вителсбах 1180
 -  Обединување 1503
 -  Издигнат во Изборно Кнежевство 1623
Минати
Следни
Царското знаме на Светото Римско Царство Источна Франкија
Баварија-Минхен
Изборно Кнежевство Баварија
Маркгрофовија на Австрија
Епископско Кнежевство Бриксен
Епископското Кнежевство Регенсбург
Епископско Кнежевство Салцбург
Грофовија Тирол
Боемски Пфалц
Денес во  Германија

 Австрија
 Италија
 Словенија

За време на внатрешните борби на владејачката Отонска династија, баварската територија била значително намалена со одвојувањето на новооснованото Војводство Корушка во 976 година. Помеѓу 1070 и 1180 година, на Царевите на Светото Римско Царство повторно се спротивставила Баварија, особено војводската династија Велф. Во последниот конфликт помеѓу династиите Велф и Хоенштауфен, војводата Хенри Лав бил забранет и лишен од неговите баварски и саксонски феуди од страна на царот Фридрих Барбароса. Фридрих ја префрлил Баварија на Домот на Вителсбах, кој владеел си неа до 1918 година.

Географија уреди

Средновековното баварско војводство ја покривало денешна Југоисточна Германија и повеќето делови на Австрија долж реката Дунав, до унгарската граница која потоа течела по притоката Лејта на исток. Ги вклучувало регионите Алтбаерн на модерната држава Баварија, со земјите на маршот Нордгау (подоцнежниот Горен Пфалц), но без неговите швабиски и франконски региони. Одвојувањето на Војводството Корушка во 976 година довело до губење на големите источноалпски територии што ги покривале денешните австриски држави Корушка и Штаерска, како и соседниот Крањски регион во денешна Словенија. Источната Маркгрофовија на Австрија - приближно одговарала на сегашната покраина Долна Австрија - исто така била издигната во самостојно војводство во 1156 година.

Со текот на вековите, неколку дополнителни отцепени територии на територијата на поранешното матично војводство, како што е Грофовијата Тирол или Салцбуршката Архиепископија, добиле царска непосредност. Од 1500 година, голем број од овие царски држави биле членови на баварскиот круг на Светото Римско Царство.

Историја уреди

Старо војводство уреди

Потеклото на постарото баварско војводство можело да се следи во 551/555 година. Во својата Гетика, хроничарот Јорданес пишува: „Таа област на Швабите ги има Баварите на исток, Франките на запад...