Вото (маршалски: Wōtto[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 13 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Вкупната површина на атолот е 4.33 км2, а лагуната има 94.92 км2. Името значи „влез низ гребен“ или „далечен остров“. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 160 жители.

Вото
Сателитска снимка на Вото.
Географија
МестоТихи Океан
Координати10°05′00″N 165°50′00″E / 10.08333° СГШ; 165.83333° ИГД / 10.08333; 165.83333
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови13
Површина4,33 км2
Управување
Демографија
Население160 (1998)
Етнички групиМаршалци
Залез на Вото.

Историја уреди

Островот бил порано именуван како Шанцов Остров, по Јохан Еберхард фон Шанц, откривач на островот во 1835[2]. Во 1884 година атолот бил под германска управа, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди