Волга е река во западна Русија. Таа е најдолгата река во Европа (3.530 км) и е јадрото на најопширниот речен систем на континентот (површина на сливот 1.360.000 км2). Средното и долното течение на реката ја образуваат географската област Поволжје.

Волга
Местоположба
Физички особености
УстиеКасписко Езеро
Должина3.530 км
Особености на сливот

Имињата на Волга на јазиците на различните народи кои живеат покрај неа се:

Името Волга произлегува од најмногубројното племе што ја населувало во минатото, Волгарите. Пред тоа, реката се викала Итил. Волга извира од Валдајското возвишение и се влева во Каспиското Езеро (површина 19.000 км2). Замрзнува во периодот декември-април. Реката Волга има околу 200 притоки. Со канали е поврзана со Балтичко Море, Бело Море, Азовско Море и Црно Море. Водите на Волга се користат за водоснабдување, напојување, добивање на енергија и др.