Возачка дозвола — официјален документ (може да биде во вид на картичка или книшка) со кој се дава дозвола на поединецот да управува со одредени типови на моторни возила, како на пр. мотоцикл, автомобил, товарно возило (посебно помал камион или шлепер, автобус итн. Возачката дозвола е задолжително да се носи со себе кога се вози и таа треба да се покаже на службено лице доколку тоа биде побарано. Со македонските возачки дозволи може слободно да се управува возило во други земји, со тоа што во некои држави е потребно да се носи и меѓународна возачка дозвола, во која што се преведени на повеќе јазици податоците кои се запишани во возачката дозвола.

Македонска возачка дозвола - преден дел
Македонска возачка дозвола - заден дел