Водоскладградба за складирање и чување вода во склоп на водоводната мрежа. Неговата главна цел е да ги изедначи дневните осцилации на потрошувачката и да постигне стабилност на работните притисоци во мрежата. Водоскладовите обично се направени со најмалку две комори за вода, оперативно поврзани со потребните цевководи, за да можат да работат одделно и заедно. Најчесто се градат од армиран бетон, челик, камен и слично, во зависност од видот на почвата, климатските услови и друго. Според положбата, со оглед на површината на тлото, водоскладовите најчесто се вкопани (подземни) или висински (водокула).[1]

Водокула во Сисак
Вкопан или подземен водосклад (Саксонија, Германија).

Водоскладот е градежен објект во кој водата се собира во делови од денот или ноќта кога потрошувачката е најмала, а се користи во оние периоди кога потрошувачката е зголемена над дневниот просек. Овие градби мора да бидат технички и санитарно беспрекорно изведени, а нивната зафатнина доволна да ја обезбеди потребната количина на вода во часовите на максимална потрошувачка, максимално напорен ден или за гаснење пожари. Се настојува да се предвиди местоположбата на водоскладотна таква висина што ќе го обезбеди потребниот доводен притисок за најкритичната точка на населбата.[2]

Водокула уреди

Водокула е висински водосклад изграден на врвот на кула. Се гради во низински предели, каде што не е возможно да се изгради вкопан водосклад на повисока положба од која водата би се влевала во водоводниот систем по природен пад. Обично има релативно мала зафатнина, бидејќи неговата конструкција е 3 до 4 пати поскапа од изградбата на вкопан водосклад. Армиранобетонскиот или челиличниот склад се поставува на еден или повеќе столбови (од армиран или преднапрегнат бетон, челик или тула). Вкупната висина обично не надминува 40 метри. Има најразлични облици, условени од технички причини, но и од дизајнот, па често водоскладот станува препознатлив белег на населбата или градот.

Наводи уреди

  1. vodosprema, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
  2. vodovod, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.