Водоматица

река во Епир, Грција

Водоматица (грчки: Βοϊδομάτης, Војдоматис) — река во Јанинскиот Округ на областа Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира под селото Високо (Викос) и по течението се спојува со други водотеци кои се спуштаат по падините на Тимфи или од клисурата Вик (Викос), па завршува недалеку од гратчето Коница. Има вкупна должина од 15 км.[1]

Водоматица
Мост на Водоматица
Изворно имеΒοϊδομάτης  (грчки)
Местоположба
ЗемјаГрција
Физички особености
Устие 
 • место
Војуша
 • координати
40°00′49″N 20°38′40″E / 40.0136° СГШ; 20.6445° ИГД / 40.0136; 20.6445
Особености на сливот
ТечениеВојушаЈадранско Море

И покрај нејзиното име, Водоматица важи за една од најчистите реки во Европа и не страда од никакви еколошки проблеми. Минува низ еден од највпечатливите природни предели во земјата, во состав Националниот парк Вик-Војуша уште од 1973 година. Реката ја пресекуваат повеќе камени мостови, од кои најпознат е Клидонскиот кај клисурата Вик[2]. По Водоматица се одвиваат водени спортови како сплаварење и кајакарство.

Водоматица има сезонски водостој, иако никогаш не пресушува. Просечната темепратура на водата не надминува 4 °C.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Travel Magic. (2009). ΒΟΪΔΟΜΑΤΗΣ ΠΟΤΑΜΟΣ Архивирано на 14 јануари 2012 г.. посетено на 6 јули 2013
  2. „Το Γεφύρι της Κλειδωνιάς“. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-11-18.

Надворешни врски уреди