Водокула (Кишинев)

Кишиневската водокула е архитектонски споменик на Кинишев, Молдавија, кој се наоѓа на Митрополит Банулеску-Бодони - улица 2, и изградена на крајот на 19 век, по проект на Александр Бернадаци. Таа била главниот дел од водниот систем на Кишинев. Горниот кат бил изграден од дрво и бил уништен од земјотрес. Таа била одново изградена помеѓу 1980 и 1983 година. Таму моментално е сместен Градскиот музеј - Кишинев, кој има предмети кои датираат од 15 до 20 век. Горниот кат е простор за изложби за историски и современи слики и фотографии, како и за разни културни настани.[1]

Водокулата видена од една од зградите на Молдавскио државен универзитет

Историја уреди

Веднаш кога кулата била отворена, градските власти ја отвориле првата градска одводна мрежа, која била планирана за време на мандатот на Карол Шмидт. Кулата започнала да му служи на средишното градско подрачје, со способност од околу 2 илјади тони вода од ден.[2]

Таа била водна кула сè до 1940 година, и почнувајќи таа година, таа била пожарникарска зграда, со горниот кат кој го содржел водниот резервоар. Таа била применета во музеј во 1971 година.[3]

Структура уреди

Висината на кулата е 22 метри. Ѕидовите биле изградени од локални камења, со некои редови на тули. Нивната ширина варира од 50 сантиметри на горното ниво до 2 метри на дното. Внатре има кружно скалило. Кога била обновена кулата, бил поставен лифт. За кратко време, управните канцелариите на Историскиот музеј - Кишинев биле востановени во оваа зграда.

Градбата претрпела значајни структурни оштетувања за време на земјотресите во Вранча, и била затворена 10 години како резултат на тоа. Музејот бил отворен кратко во 2000 година, и кулата била обновена кратко потоа. Обновувањата биле завршени во 2011 година, со мали поправски во 2013 година.

Слична кула била изградена на крстосницата на улиците „Василе Алексендри“ и „Вероника Мичле“, но таа веќе не постои.[4]

Наводи уреди

  • Chișinău: Enciclopedie, Chișinău, 1997, стр.   117
  1. Muzeul orașului Chișinău (Turnul de apă) Архивирано на 20 јули 2018 г.. orasulmeu.md (на романски)
  2. Vom putea urca în Turnul de apă. Timpul de dimineață. Посетено на 28 март 2020.
  3. Muzeul istoriei orașului Chișinău. prospect.md. Посетено на 28 март 2020.
  4. Colesnic 1997, стр. 117.