Општина Воден
Δήμος Έδεσσας

Општина Воден на картата на областа Централна Македонија

Етничка карта на општината Воден
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Постол
Гео. област:
Население: 28.254 (2021)
Седиште: Воден
Нас. места: 31
Пошт. бр.: 582 00
Пов. бр.: 23810-2
Портал: edessa.gr

Воден (грчки: Δήμος Έδεσσας, Димос Едесас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Воден.

Населени места уреди

Општината Воден е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две општини: Воден и Островско Езеро, согласно законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Воден уреди

 
Поранешната општина Воден на картата на некогашниот округ Постол.

Општинската единица Воден и ги опфаќа следниве општински единици и населени места:

  • Општински оддел Воден
  • Општински оддел Владово
  • Општински оддел Гугово
  • Општински оддел Јаворјани
  • Општински оддел Луковец
  • Општински оддел Месимер
  • Општински оддел Нисија
  • Општински оддел Оризари
  • Општински оддел Под
  • село Под (Φλαμουριά, Фламурија)
  • село Ошљани (Αγία Φωτεινή, Агија Фотини)
  • Општински оддел Теово

На територијата на општинскиот оддел се наоѓа и запустеното село Патичино (Патима).

Општинска единица Островско Езеро уреди

 
Поранешната општина Островско Езеро на картата на некогашниот округ Постол.

Општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово (Арниса) ги опфаќа следниве општински единици и населени места:

  • Општински оддел Острово
  • Општински оддел Граматиково
  • Општински оддел Кочана
  • Општински оддел Ослој
  • село Ослово (или Ослој, Παναγίτσα, Панагица)
  • село Жерви (Жерве, Ζέρβη, Зерви)
  • Општински оддел Чеган
  • село Чеган (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос)
  • село Нов Чеган (Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос)

На територијата на општинската единица се наоѓале и историските села Бегна (Агиос Спиридонас), Патичино (Патима) и Лагот (Лонгос).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски уреди