Владо Тасевски

македонски партизан

Владо Тасевски - Кољо (21 март 1916 во Прилеп11 декември 1943 во Дренок (Кумановско)[1]македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ.[2]

Владо Тасевски
Роден Владо Тасевски
21 март 1916
Прилеп, Македонија
Починал 11 декември 1943
Дренок, Македонија
борба со четниците
Националност Македонец
Занимање железничар
партизан

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно работничко семејство, кое се занимавало со одгледување на тутун. Татко му бил качар. По завршеното основно училиште и четири класа гимназија, го прекинал натамошното образование. Во 1931 година завршил четврти клас (VIII одделение) со одличен успех. Истата година, На 15-годишна возраст се вработил во Ложилницата во Прилеп како чирак. Таму го изучил браварскиот занает. Од дете ја почувствувал горчината на тешкиот живот.[3] Исто тогаш се зачленил во Железничкото музичко друштво. Во 1933 година станал член на напредното младинско друштво „Трезвена младеж“ и читал напредна социјалистичка литература. Во меѓувреме станал член на КУД „Коста Абрашевиќ“ и на УРС-овите синдикати во Прилеп. Така раснел и работел водејќи жилава борба за слобода на својот народ, подарувајќи му ја својата младост.[4]

Во 1936 година, Владо бил преместен и работел како бравар во Ложилницата во Скопје. При железницата создал засебен синдикален актив, чиј раководител станал тој. На 2 февруари 1940 година Владо Тасевски во скопската Ложилница организирал штрајк, во кој учествувале сите работници. На 27 март 1941 година бил на чело на железничарите во демонстрациите против пристапувањето на Југославија кон Тројниот пакт. Истата година Владо е примен за член на КПЈ.[4] Како прв секретар на партиската ќелија во ложилницата, настојувал што поитно да се организира борбата против окупаторот и домашните предавници. Во втората половина на 1941 година покрај партиската ќелија била формирана и скоевска организација во ложилницата. Со засилена активност на истите до првата половина на 1942 година, низ разни форми биле опфатени околу 90% од работниците во ложилницата. Еден број, од нив постојано го помагале во саботажните акции, чиј инспиратор и раководител бил тој. По директива на Партијата, успешно организирал штрајк, против 9-часовното работно време. Во 1942 година станал член на Месниот комитет на Партијата во Скопје.[3]

Партизанска дејност уреди

На 16 јули 1943 година, скопската Ложилница била блокирана од полицијата со цел да го уапсат Владо Тасевски, Гого Силевски и други активисти, но тие успеале да избегаат. По неколку дена, Владо Тасовски пристапил кон редовите на Шарпланинскиот партизански одред, со кој минувал низ Западна Македонија. Во него како командир на чета поминал долг пат низ западна Македонија учествувал во ослободувањето на политичките затвореници во Пешкопеја. Потоа се придружил кон Кумановскиот партизански одред и на крај во баталјонот „Јордан Николов“, рамо до рамо со прославената козјачка легенда, Христијан Тодоровски - Карпош.

На 11 декември 1943 година во селото Дренок, во месноста Здравчи Камен во борба со четниците на Дража Михајловиќ од Вардарскиот четнички корпус загинал и Владо Тасевски, кого партизаните го викале Кољо.[4] Иако го напаѓале повеќе стотици четници, тој не се повлекол. Во таа огорчена битка врз него паднала рачна бомба, која при обидот да ја врати, му експлодирала в раце.[3] Во борилиштето покрај Владо, биле ликвидирани уште четворица партизани кои го придружувале и уште педесетина мртви и ранети четници.[4]

Утредента на врвот на Здравчи Камен селаните ги нашле мртвите тела на партизаните. Сиот простор бил прослан со празни, испукани фишеци и изриен од бомби. Меѓу загинатите партизани еден бил со средна височина, развиен, силен маж, со мустаќи, два заба навлечени со бело вештачко злато и со црвен волнен џемпер. Тоа бил Владо Тасевски – Кољо.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Биографија на Владо Тасевски, СУГС „Владо Тасевски". Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 2019-02-04.
  2. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982, стр. 175.
  3. 3,0 3,1 3,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 141. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „» Кој бил Владо Тасевски?“ (англиски). Посетено на 2020-05-15.