Владо Јовановски

македонски глумец

Владо Јовановски (роден во 27 февруари 1967 во Пробиштип[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Владо Јовановски
Роден 27 февруари 1967(1967-02-27)(57 г.)[1]
Пробиштип[1]
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Збогум на 20-тиот век
Бал-кан-кан
Илузија
Преспав
Ругање со Христос
Деца на сонцето
До балчак
Занимање глумец[1]
Деца Григор Јовановски (син)
Ана Јовановска (ќерка)

Животопис уреди

Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.

За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на македонските телевизии, е финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне Македонскиот туризам.[2]

На 28 ноември 2017 година, Владо Јовановски бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Владо Јовановски
Год. Назив Улога
1990-ти
1990-1993 Еурека ТВ серија Вернер фон Браун
1992 Словенски Орфеј филм Дионис, Зевс...
1993 Македонска сага ТВ-филм Невзет
1993 Светлосиво ТВ филм Фидан
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Бубе
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Гаврил
1997 Преку езерото ТВ филм Тахир
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ филм Пророкот
2000-ти
2000-2001 Досие Скопје ТВ-серија
2001 Вета Краток филм /
2001 Прашина ТВ филм Учителот
2002 Наше маало ТВ-серија Домарот
2004 Големата вода ТВ филм
2004 Илузија ТВ филм Лазо
2005 Бал-кан-кан ТВ филм Трендафил Каранфилов
2006 Тајната книга ТВ филм Бигорски
2008 Time of the Comet ТВ филм Мето
2010-ти
2010 Крајот на светот Краток филм Андреја
2011 Ова не е Американски филм ТВ-филм Влатко
2011 Вознесение ТВ филм Зеко
2012 Колона Краток филм /
2012 Трето полувреме ТВ филм Пепо
2012 Човекот со чудна навика, да ме удира со чадор по глава ТВ-филм Наратор
2013 Искачување на последното поглавје ТВ-филм
2014 До балчак ТВ филм Иљо
2014 Деца на сонцето ТВ филм Кале
2014 Враќање Краток филм Таткото на Ана
2015 Лазар ТВ филм Јордан
2015 20 Мајмуни ТВ-филм
2016 Ослободување на Скопје ТВ филм Доктор Васил
2016 Есента на самурајот ТВ филм Скендер
2016-2017 Преспав ТВ-серија Миле
2017 Анка ТВ филм Големиот Вед
2018 Ругање со Христос ТВ филм Глигор
2020-ти
2020-2023 Преспав ТВ-серија Мич
2022 Снежана на крајот умира ТВ-филм Поп
2022 Куќен притвор ТВ-серија
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Исо
2023 Бранител ТВ-серија Зоти Липа
2023 TE DUA, жими мене ТВ-филм

Награди уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vlado Jovanovski - Biography - IMDb
  2. http://www.istrazijamakedonija.com.mk/Default.aspx
  3. „Дурловски и Владо Јовановски со обвинение како и обвинетите во Диво Насеље – тероризам“. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2018-01-02.

Надворешни врски уреди