Владимир Пешевски

македонски политичар

Владимир Пешевски (19 јуни 1970 во Скопје) — македонски политичар и вицепремиер за економски прашања на владата на Република Македонија во периодот 2009–2017.[1]

Владимир Пешевски
Вицепремиер за економски прашања
На должноста
10 јули 2009 – 1 јуни 2017
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Наследник Кочо Анѓушев
Лични податоци
Роден(а) 19 јуни 1970
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Животопис уреди

Во 1993 година дипломирал на електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика. По завршувањето се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на универзитетот од Шефилд, Англија – програма на „City College“ во Солун.

Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година, започнал научно истражувачка кариера. Како асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии во Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина. Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски компании. Во 1998 година станува генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководил со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Во 2006 година ја презел функцијата генерален директор и партнер на СЕАФ Фондот за Јужен Балкан.

Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 г.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун).

Од јули 2009 до јуни 2017 година бил на функција вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија. Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион. Оженет, татко на три деца.

Наводи уреди

  1. „Влада на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 20 декември 2010.