Владимир Луков (Ценово, Русенско, Бугарија, 2 јуни 1949) е бугарски поет.

Животопис уреди

Луков е роден е на 2 јуни 1949 година во село Ценово, Русенско, Бугарија. Потомок е на депатрираната фамилија Чипови од Егејска Македонија (село Пателе, Леринско). Завршил географија и филозофија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работи како предавач по географија на Техничкиот универзитет од Софија, во филијалата во градот Правец. Поезија пишува и публикува од 1969 година. Како поет е претставуван во бугарски, француски и македонски списанија за литература и е застапуван во антологии. Бугарската литературна критика ја дефинира неговата поезија како „филозофска, енигматична“. Добитник е на почетна грамота и награда за поезија на Сојузот на слободните писатели во Бугарија - „Народни будители – 2006“. Неговото име е содржано во следневе публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија и Атлас на бугарската литература. Член е на Сојузот на слободните писатели во Бугарија.

Библиографија уреди

  • Човекот со протези (поезија, 1992),
  • Согледувачот (поезија, 1993),
  • Безбожни овоплотувања (поезија, 1999),
  • Пролом (поезија, 2001),
  • Поромнување на сетилата (поезија, 2005),
  • Провиденија (поезија, 2006, ИД „Макавеј“ – Скопје, полица – Балкански писатели),
  • Траги од ветер (поезија, 2007),
  • Зраци (поезија, 2009),
  • Фибри од без краjот (поезија, 2011)
  • Местото од каде што почнува бескрајот (Реалистични раскази, мисли, соништа, фантазии и истражувања / Филозофија на целоста и практика на олицетворението / Том I. Книга за (не)послушните), 2012 г.
  • "Сончев поjас" (Скопjе, 2016, Изд. "Матица македонска")

Надворешни врски уреди