Втора влада на Никола Груевски

26. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година. Мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски доби водачот на ВМРО-ДПМНЕ и дотогашен премиер, Никола Груевски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 26 јули. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останатите коалициони партнери. Албански партнер во власта беше ДУИ. Коалицијата СОНЦЕ, предводена од СДСМ, заедно со останатите опозициони партии и ДПА, ја бојкотираа седницата за избор на нова влада.[1]

Втора влада на Никола Груевски
Груевски II

26. влада на Македонија
2008-2011
Груевски во 2009
Конституирана26 јули 2008
Распуштена28 јули 2011
Организација
ПретседателБранко Црвенковски (до мај 2009)
Ѓорѓе Иванов (од мај 2009)
ПремиерНикола Груевски
Статус во собраниеКоалициска влада
Историја
Избори2008
Претходен кабинетГруевски I
Следен кабинетГруевски III

Оваа влада беше реконструирана во јули 2009 година, а нејзиниот мандат траеше до одржувањето на парламентарните избори од 2011 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Состав на владата уреди

Министри во оваа влада се:[2]

Реконструкција на владата од 2009 уреди

Една година по изборот на Владата, на 11 јули 2009 година, е извршена нејзина реконструкција. При реконструкција на Владата, дотогашниот заменик премиер Зоран Ставрески ја презеде и функцијата министер за финансии на местото на Трајко Славевски. Владимир Пешевски е избран за нов потпретседател на Владата за економија, а Васко Наумовски е избран за нов потпретседател за евроинтеграции на местото на Ивица Боцевски. Љупчо Димовски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Никола Тодоров за нов министер за образование и наука.[3][4]

Наводи уреди

  1. Опозицијата со паралелен парламент ќе го бојкотира изборот на владата, Утрински весник[мртва врска]
  2. „Службен весник на РМ, 94/08, 2 стр“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-11-01. Посетено на 2017-05-20.
  3. „Владата со нови министри за образование, финансии и земјоделство“. Влада на Република Македонија. 8 јули 2006. Посетено на 2014-04-06.
  4. Службен весник на РМ, 86/09, 2 стр.

Надворешни врски уреди