Виљуј

река во Јакутија, Русија

Виљуј (руски: Вилюй; јакутски: Бүлүү) — река на Средносибирската Висорамнина, најдолга притока на Лена. Долга е 2.650 км и тече претежно низ Јакутија, со помал дел во Краснојарскиот крај. Сливот се протега на површина од 454.000 км2. Просечниот истек во устието изнесува 1461 м3.[1][1][2][3]

Виљуј
Слапови на Виљуј во средна Јакутија
Карта на сливот
Изворно имеВилюй / Бүлүү
Местоположба
Земја Русија
Физички особености
Извор 
 • местоСредносибирска Висорамнина
Устие 
 • место
Лена
Должина2.650 км
Големина на сливот454.000 км2
Проток 
 • просечен1.468 м3
Особености на сливот

Течение уреди

Извира во Евенкија и протекува на исток, набргу навлегувајќи во Јакутија. Потоа свртува на југ и југоисток, а потоа на исток, па се влева во Лена кај Сангар, околу 350 км низводно од градот Јакутск. На запад од Виљуј и Чона се простира сливот на Долна Тунгуска Река.

Притоки уреди

Поважни притоки на реката Виљуј се следниве:

Десни
  • Улахан Вава
  • Чиркуо
  • Чона
  • Чибида
  • Улахан Ботуобуја
  • Очугуј Ботуобуја
  • Бапагај
Леви
  • Ахтаранда
  • Игијата
  • Марха
  • Тјукјан
  • Тјунг

Населени места уреди

Сливното подрачје на Виљуј е мошне слабо населено. Во поречието се среќаваат малите населени места Виљујск, Верхневиљујск, Сунтар и Њурба.

Историја уреди

Реката за првпат се споменува во XVII век во врска со освојувањето на Сибир. Во 1634 г. Козаците под водство на Шахов изградиле зимска населба во спојот на реките Виљуј и Ткукјан. Оваа населба служела како управно седиште на подрачјето неколку децении, по што е преместена 45 км низводно по Виљуј, каде во 1773 г. е основана утврдената населба Оленск (денешен Виљујск).

Во 1950-тите во околината на реката се откриени лежишта на дијаманти, на далечина од 700 км од устието. Ова довело до создавањето на рударскиот коп „Мир“, заедно со пристапни патишта и аеродром, како и редица брани за напојување на рудничките погони.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Vilyuy at Khatyryk-Khomo Архивирано на 25 ноември 2009 г., УНЕСКО: Водни ресурси
  2. Се чини дека, на страницата на Ленгидропроект — «Гидроузлы на р. Вилюй» Архивирано на 18 февруари 2020 г. — се изведува нешто повисок истек.
  3. Виљуј кај Сунтар Архивирано на 24 ноември 2009 г., УНЕСКО: Водни ресурси

Надворешни врски уреди

  • Виљуј — Енциклопедија Британика
  • А. Гаврилов, Виљуј Архивирано на 26 октомври 2014 г., Голема руска енциклопедија, 2001 г. (руски)

64°22′38″N 126°24′54″E / 64.37722° СГШ; 126.41500° ИГД / 64.37722; 126.41500