Вишни (село)

село во Општина Струга

Вишни — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Вишни

Сретселото на Вишни

Вишни во рамките на Македонија
Вишни
Местоположба на Вишни во Македонија
Вишни на карта

Карта

Координати 41°11′35″N 20°35′56″E / 41.19306° СГШ; 20.59889° ИГД / 41.19306; 20.59889
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 47 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6333
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26009
Надм. вис. 1.040 м
Слава Атанасовден (летен)
Вишни на општинската карта

Атарот на Вишни во рамките на општината
Вишни на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Улица во селото Вишни

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 8 километри.[2]

До него се стигнува по магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.

Се наоѓа на висорамнина, на која се наоѓаат следниве извори: Студенец, Извор, Чешма и други. Водата во селото се добива од изворот Извор. Најблиски села се: Горна Белица, Долна Белица и Заграчани.[3]

На Јабланица, западно од селото, се наоѓаат следниве месности: Изгорејнци, Папрадиште, Костов кутел, Мечкина дупка, Јаорје, Загончиња, Гара, Чешма, Дупки, Мартинов кутел, Пожарје, Дубурлој нивје, Беличка река, Село Влас, Бабуш, Свети Никола, Сушица (река), Св. Врача, Св. Климент, Св. Петка, Св. Недела, Ровиње, Варвалец, Клепуш, Крајница, Маркова страна, Душман, Самарница, Чекуље, Студенец, Леска, Стари куќи, Меризиште, Извор, Коритничиња, Орашец, Св. Спас, Виништа и Гулабарница.[3]

Вишни има збиен тип, а одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како: Митревци, Јанковци, Волчевци, Ѓорговци и други.[3]

Историја уреди

 
Куќа од камен со убава архитектура во Вишни
 
Куќа на која се гледа оштетување од големи снегови во Вишни

Селото Вишни спаѓа во постарите села во Струшко. Околу селото се наоѓаат разни остатоци на старини, како што е Градиште, северно од селото. Околу селото се наоѓаат и свети места, како „Св. Спас“, „Св. Петка“, „Св. Климент“, „Св. Никола“ и „Св. Врача“.[3]

Денешното село потекнува од крајот на XVIII век. Како што се верува, тоа било изградено од малобројни словенски и влашки жители, кои дошле од подрачјето на соседна Албанија. Од основањето до крајот на Втората светска војна, селото било мешано. Власите имале околу 10 домаќинства и никогаш немало мешани бракови.[3]

Друга легенда вели дека селото било изградено кога Османлиите владееле во Македонија. На местото на денешното село, тогаш немало ништо. Преданието вели дека кога жителите на Радожда бегале од зулумот на башибозукот и на турскиот аскер, се криеле во планината. Таму почнале да градат куќарки и го направиле Вишни. Кога селаните ќе ги прашал некој каде живеат, кусо одговарале - на висон, на високо, на вишнине. Од таму доаѓа името Вишни и не е поврзано со овошје.

Во XIX век, Вишни било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 20,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.052,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 767,3 хектари, а на обработливото земјиште само 159,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Селото има голем потенцијал за сточарство, додека условите за полјоделство се скромни, поради што во селото отсекогаш постоело печалбарството.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948755—    
1953708−6.2%
1961574−18.9%
1971168−70.7%
198163−62.5%
ГодинаНас.±%
199125−60.3%
199425+0.0%
200214−44.0%
202147+235.7%

Според податоците од 1873 година, селото имало 160 домаќинства и 464 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вишни имало 620 жители, од кои 600 жители Македонци христијани и 20 Албанци муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вишни имало 640 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 50 Власи.[7]

Од Вишни се иселил голем број на населението. Така, во 1961 година селото броело 574 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 25 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Вишни живееле 14 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 620 640 755 708 574 168 63 25 25 14 47
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Во селото живее христијанско македонско население. Народното предание наведува дека се доселени како 5-6 домаќинства од територија на запад, денес во Албанија. Куќна слава на сите нив им била Петковден и најверојатно сите потекнуваат од селото Кокрево во Албанија.[3]

Родови се: Јанковци (4 к.); Митревци (3 к.); Ѓорговци (3 к.); Волчевци (3 к.); Трајкоски (2 к.); Шапевци (2 к.); Кумаровци (2 к.); Прлески (2 к.); Јанковци (2 к.); Караушовци (2 к.); Таштановци (2 к.); Петковци (1 к.); Брковци (1 к.); Николовци (1 к.); Тодоровци (1 к.) и Лечевци (1 к.). Волчевци и Трајковци потекнуваат од ист предок. Во Караушовци се знае следнава генеалогија: Танајл (жив на 68 г. во 1977 година)-Божин-Цветко-Ристо. Во родот Трајкоски се знае следнава генеалогија: Никола (жив на 68 г. во 1977 година)-Сандре-Никола I-Никола II.

Општествени установи уреди

 
Поглед кон месната заедница на селото
  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Вишни, се наоѓале и селата Заграчани, Калишта, Мало Блан, Радожда, Радолишта, Франгово и Шум. Во периодот 1950-1952 година, селото Вишни било седиште на некогашната општина Вишни, во која влегувале селата Вишни и Горна Белица.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 1885 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште, кое ги опфаќа селата Вишни и Горна Белица.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви[16]
Споменици
  • Спомен-чешма и спомен-плоча за НОБ

Вишненски извори уреди

Во близина на селото се наоѓаат познатите Вишненски извори.

Редовни настани уреди

Во селото се празнуваат следниве настани:

  • Атанасовден (летен) — селска слава; и
  • Спасовден — селска слава, на која жителите на селото ги пренесуваат моштите на Свети Спасица Вишненска во дрвено ковчеже од главната селска црква „Св. Атанасиј“ во пештерната црква „Св. Спас“. Стариот обичај навестува ова пренесување да биде направено од девојка.[18]

Личности уреди

Родени во Вишни

Учесници во НОБ, и жртви на фашистичкиот терор[23]

Починати во Вишни

Иселеништво уреди

По Втората светска војна, селото било зафатено со силно иселување на населението. Иселеници живеат во Белград (во Раковица околу 70 к.), Струга, Охрид и Битола. Има и целосно иселени родови, како што се Трповци, Лазарeвци, Линкиновци, Таневци, Марковци и други.[3]

Голем дел од населението на селото е иселено и во Европа и Америка.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 55. Посетено на 3 октомври 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 175–177.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 октомври 2018.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 октомври 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Посетено на 7 октомври 2018.
  15. „Референдум 2018“. Посетено на 7 октомври 2018.[мртва врска]
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Осветување на нова црква во село Вишни - струшко“. МПЦ - ОА. 30 јули 2007. Посетено на 2010-10-17.
  18. Нелоска, Валентина (17 мај 2018). „ВИШНЕНЦИ ЈА ПРОДОЛЖУВААТ ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА НА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА МОШТИТЕ НА СВ. СПАСИЦА ВИШЕНСКА“. ТВМ Телевизија. Посетено на 7 октомври 2018.
  19. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 38.
  20. Матов, Милан. Най-комитата разказва..., София, 2002, стр. 37.
  21. Исторически албум на град Струга, София, 1930, стр. 37.
  22. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 54 - 55.
  23. Каланоски, Илија (1983). Ослободителната војна и револуцијата во Струга и струшко 1941-1945. Скопје.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди