Високи Татри

планински венец во Словачка и Полска

Високи Татри (словачки и чешки: Vysoké Tatry, полски: Tatry Wysokie) — планински венец и највисокиот дел на Татрите и сите Карпати. Се наоѓаат северно од Ниските Татри од кои ги одвојува долината на реката Вах. Највисоката точка е Герлаховски Штит со 2.655 м.

Високи Татри
  • Vysoké Tatry
  • Tatry Wysokie
Поглед на Високите Татри од Попрад
Највисока точка
Надм. вис.2.655 м
Матичен врвГерлаховски Штит
Друго име
  • Vysoké Tatry
  • Tatry Wysokie
Географија
Високи Татри на карта

Карта

Место Словачка
 Полска
Штрбске Плесо

Главниот дел со сите највисоки врвови на планината се наоѓа во Словачка. Нивниот највисок врв е исто највисокиот врв на Словачка. Тука се наоѓа и највисоката точка на Полска, врвот Риси. Многу ретки и ендемски животни и растителни видови живеат во Високите Татри. Големи живтони како што се мечка, рис, куна, волк и лисица живеат во планините.

Подрачјето е познато по зимските спортови. Најголемите ски-центри се Штрбске Плесо, Стари Смоковец, Татранска Ломница во Словачка и Закопане во Полска.

Татранскиот национален парк (Tatranský národný park) во Словачка бил основан во 1948 г. додека полскиот Татрански национален парк (Tatrzański Park Narodowy) во 1954 г.

Врвови уреди

Најпознатите планински врвови на Високите Татри се:

  • Герлаховски Штит, 2655 м.
  • Ломницки Штит, 2634 м.
  • Мали Љадови Штит, 2632 м.
  • Задњи Герлах, 2616 м.
  • Риси, 2499 м.
  • Кривањ, 2495 м.
  • Копровски штит, 2363 м.
  • Висока, 2547 м.
  • Јахњаци штит, 2230 м.

Долини уреди

 
Морско Око

Во Високите Татри има 23 долини, повеќе на словачката страна.

Езера уреди

Најголемо, Морско Око со површина 34,50 ха, длабочина 50,8 м, 1395,4 м н.в., наоѓа се на полската страна. Најдлабоко е Вељке Хинцово плесо (20,08 ха, 53 м, 1.946 м) кое се наоѓа во Словачка. Многу популарни се Штрбске плесо и Попрадске плесо.

Водопади уреди

Најпознатите водопади се наоѓаат на Студени Поток. Најголем, но не највисок, водопад на полската страна е Сиклава. Неговата височина е 64-70 м, додека налон околу 35 степени.

Градови уреди

На територијата на Високите Татри наоѓа се единствениот град, Високи Татри кој е појдовна точка за патувања во Високите Татри.

Наука уреди

Во Високите Татре се наоѓаат две астрономските опсерватории на Словачка: опсерваторија Скалнате Плесо и опсерваторија Ломницки штит.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Слики уреди